Почнуваат државните испитувања на најновиот руски мразокршач „Илја Муромец”

mil.ru
Планирано е во периодот од 4 до 7 октомври најновиот мразокршач „Илја Муромец” да го напушти бродоградилиштето „Адмиралтејские верфи” во Санкт Петербург и да ги почне државните испитувања. Пред почетокот на испитувањата претставници на Главната команда на руската Воена морнарица ќе ја проверат подготвеноста на посадата.

Во текот на државните испитувања дефинитивно ќе бидат проверени сите карактеристики и системи на мразокршачот „Илја Муромец“. Тоа, меѓу другото, се однесува на функционирањето на радио-навигациските и другите радио-технички средства, уредите за кревање товар, системите за обезбедување на животни услови, погонски единици, системи за усидрување.

„Во моментов се завршува подготовката на мразокршачот за државните испитувања. Командантот на руската Воена морнарица адмирал Владимир Корољов им наложи на надлежните  раководители да продолжат со планската контрола на испитувањата, како и со нивното военотехничко следење“, соопшти началникот на Управата за бродоградба на руската Воена морнарица контраадмирал Владимир Трјапичников.

Претходно на 25 август мразокршачот ја заврши втората фаза на фабричките испитувања на поморските полигони во Финскиот залив и во зоната на градот Балтијск. Програмата за испитувања опфати полетување и слетување на хеликоптери на мразокршачот и работа со товар. Посадата на мразокршачот реализираше дневни и ноќни летови на хеликоптери од бродот.

Во текот на испитувањата посадата и претставници на производителот ја проверија работата на вителот за влечење по пат на реално влечење на брод со ист депласман како и „Илја Муромец”. Освен тоа, во текот на испитувањата се извршени мерења на магнетното поле на мразокршачот. Едно од најсложените испитувања на мрзокршачот беше тестирањето на однесувањето во режим на дежурство, кога со бродот се управува само од командниот мост. Овој вид на тестирање беше реализиран во текот на префрлањето на мразокршачот од Балтијск во Санкт Петербург. Мразокршачот притоа покажа добри маневарски карактеристики.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња