Како би изгледала заштитата на Кримскиот мост со посебен хидроакустичен систем?

Наука и технологија
РИНА БИКОВА
По неодамнешното поставување на автомобилскиот лак и вчера почнатото асфалтирање на коловозот на Кримскиот мост изгледа дека дојде време да се размислува и за обезбедувањето на најдолгиот мост во Русија. Директорот на концернот „Моринформсистема-Агат“ Станислав Чуј предложи на Керченскиот мост да се постави посебен систем на хидроакустична заштита.

Таквиот систем не само што би овозможил сторителот на недела точно да се лоцира, туку би ги пренел и сите податоци потребни за негово приведување, тврди тој.

Слични системи веќе успешно се применуваат на важните цивилни и воено-поморски објекти, штитејќи ги, на пример, браните на хидроелектраните од упади и противзаконски акции, изјави Чуј.

Концернот „Моринформсистема-Агат“ се занимава, според наводите од официјалниот сајт, со информациони системи и технологии, системски инженеринг на бродски информационо-компјутерски средства, како и со системи за управување со гаѓање со крстосувачки и балистички ракети со поморско базирање. Станислав Чуј мисли дека проектот за заштита на Керченскиот мост би можела да го реализира фирмата-ќерка на овој концерн НИИ „Атолл“.

Отворањето на Керченскиот мост е планирано за декември 2018  година со пуштање во работа на автомобилската делница на преминот. Најдолгиот мост во Русија (19 км) ќе го спои Кримскиот полуостров со Краснодарскиот крај.