UMMC е главниот производител на готови производи од бакар. Организациските единици на ова претпријатие реализираат уникатен технолошки процес кој почнува со ископување на бакарна руда, а завршува со производство на готови производи.
Освен на пазарот на бакар, UMMC исто така зазема значајно место на пазарот на цинк, олово, благородни и ретки метали.
UMMC во 2010 година според магазинот „Форбс“ беше позициониран меѓу 200 најголеми компании во Руската Федерација. Вкупниот приход на компанијата во 2008 година изнесуваше 5 милијарди долари. Година дена подоцна, во 2009, се зголеми за околу 12% и достигна вредност од 5,6 милијарди долари.
UMMC планира инвестиции од 3,8 милијарди во модернизацијата и безбедност на процесот на обработка на суровини, во периодот кој почна во 2012, а планирано е да заврши во 2022 година. Овие инвестиции би можеле да бидат намалени, во зависност од движењето на цените на пазарот на метали.
Компанијата вработува околу 95000 луѓе во своите организациски единици.
Фабриката посвети особено внимание на подобрувањето на квалификациите на вработените во производството, како и на унапредувањето на работата на инженерите и вработените во техничките дејности.
Капацитетите на UMMC во производството на железо надминуваат еден милион тони.
Производите на ова претпријатие се дизајнирани за потребите на градежниот сектор, нафтените и гасни компании, како и за автомобилската индустрија. Примарно се пласираат на домашниот, руски пазар.
Оваа компанија е спонзор на кошаркарскиот тим UMMC, неговата женска секција е една од најдобрите во Русија и е основач на хуманитарната организација „Децата на Русија“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче