Фабриката за авиони во Новосибирск го носи името на легендарниот пилот, херој на Советскиот Сојуз Валериј Чкалов. Претставува една од најголемите постројки на руската авио индустрија, а формално припаѓа на холдингот „Сухој“.
Слава Степанов / GELIOВо текот на Втората Светска Војна секој трет авион од типот „Јак“ е произведен во оваа фабрика. За време на војната во оваа фабрика во просек се склопувани по 33 авиони на ден.
Слава Степанов / GELIOКон крајот на 1980-те години во фабриката започна сериско производство на најмодерниот повеќенаменски авион од четвртата генерација Су-27IB, подоцна преименуван во Су-32.
Слава Степанов / GELIOВо доцните деведесетти во фабриката почнува развојот на повеќенаменскиот авион Су-34, чиишто експериментални летови беа изведени од пилотите Игор Вотинцев и Евгениј Ревунов на фабричкиот аеродром. Од 2006 година почнува сериското производство на овој авион за потребите на руската војска.
Слава Степанов / GELIOОвој бомбардер е вооружен со 30 мм топ а покрај тоа може да носи уште 12 ракети со вкупна носивост до 8 тони. Според некои извори, два Су-34 се користени во војната во Јужна Осетија во август 2008 година. Се претпоставува дека овие авиони се употребени за поддршка на операциите на копно, како и за електронски дејства против грузиските системи за противвоздушна одбрана.
Слава Степанов / GELIOЗападните аналитичари овој авион истовремено го класифицираат како повеќенаменски борбен авион и ловец-бомбардер.
Слава Степанов / GELIOПилотската кабина е обложена со титаниум со дебелина од 17 мм, а резервоарот на авионот исто така е заштитен со оклоп.
Слава Степанов / GELIOПовеќе од 6000 работници и стручњаци од оваа фабрика биле вклучени во дизајнирањето на авионот Су-34
Слава Степанов / GELIO.Кога ќе се состави трупот на авионот, следи монтажата на системите и опремата. Авионот станува „живо суштество“ во рацете на фабричките монтери, кои ги поставуваат сите неопходни елементи на техниката.
Слава Степанов / GELIOВо март 2012 г. фабриката потпиша договор со руското Воено воздухопловство за испорака на 92 авиони од типот Су-34 до крајот на 2020 г. Ова е дополна на договорот од 2008 г., кој предвидуваше испорака на 32 авиони од овој тип. Еден авион Су-34 чини приближно 28 милиони долари.
Слава Степанов / GELIOПретплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче