Руски мегафабрики: Местото каде што е родена опремата за руската нафтена индустрија

Slava Stepanov / GELIO
„Уралмашзавод“ ја претставува тешката машинска индустрија. Се наоѓа во Екатеринбург, еден од поголемите градови во Русија. Оваа фабрика произведува опрема за рударството и индустриите за металургија, нафта и цемент.

„Уралмашзавод“ (УЗТМ, или „Уралмаш“) е фабрика од тешката индустрија, лоцирана во Екатеринбург, еден од поголемите градови во Русија. Се наоѓа 1792 км од Москва. Производствениот процес во процес овој концерн почна уште во 1933. година.

Околу 14000 луѓе се вработени во фабриките на овој концерн.

„Уралмаш“ е осмислен 1928 година, како одговор на западноевропскиот и американскиот успех на полето на тешката машинска индустрија.

Во текот на Големата татковинска војна, капацитетите на „Уралмаш“ беа прилагодени на потребите на воената индустрија. Во тој период овде се произведени повеќе од 19000 шасии за оклопни возила, 30000 компоненти за артилеријата и око 6000 тенкови. 

„Уралмаш“ првично беше осмислен како претпријатие за проектирање и изработка на уникатни капацитети, напредни машини и оригинални технологии.

Во текот на 50-те години на СССР му беа потребни тешки хидраулични преси за авионите и ракетните фабрики. „Уралмаш“ во целост го усвои производството на оваа комплексна опрема, која во целост ги задоволи сите потреби на земјата. Згора на тоа, успеаја да го постигнат тоа побрзо од фабриките во САД.

Дупчалките произведени во „Уралмаш“ одиграа пресудна улога во развојот на техниките за експлоатација на нафта и гас во СССР. Интересно е што дупчалката која продре цели 13 км длабоко во земјата на полуостровот Кола (што претставува Гинисов рекорд) е произведена во фабрика на „Уралмаш“.

Опремата на овој производител се користи за ископување на повеќе од три-четвртини на рудата на челик во Русија, две третини на рудата на железо, производство на сите железнички шини, експлоатација на четири петтини на руските нафтени извори и една половина на површинските копови на јаглен.  

За своите достигнувања „Уралмаш“ има добиено 8 домашни и 3 странски признанија.

Фабриката во 2000 година во Женева доби меѓународна награда за висока ефикасност на менаџментот и заштита на животната средина.

За населението на Урал ова не е само една од најголемите руски производствени капацитети. „Уралмаш“ претставува цела епоха во историјата на оваа област.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња