
Кузбас е едно од најголемите наоѓалишта на јаглен во светот. Се наоѓа во Кемеровската област (Сибир) и опфаќа 58 рудокопи и 36 површински ископи.
Слава Степанов / GELIO
Кузбас произведува околу 56% темен, околу 80% камен јаглен и 100% кокс во Русија.
Слава Степанов / GELIO
Најстариот јаглен ископан во Кузбас е проценет на околу 350 милиони години
Слава Степанов / GELIO
Рудникот за јаглен Талдински моментално е еден од најперспективните површински ископи во Кемеровската област. Неговата експлоатација е започната во 1986 година и понатаму активно се развива.
Слава Степанов / GELIO
Резервите на ископот на Талдински надминуваат 900 милиони тони. При сегашното ниво на експлоатација, околу 8.2 милиони тони годишно, овие резерви се доволни за повеќе од наредните 100 години. Овде предвид не е земена третата линија на резерви на јаглен, која се проценува на уште една милијарда тони.
Слава Степанов / GELIO
Над 147 тешки кипери БелАЗ и Komatsu се вклучени во секојдневниот процес на експлоатација на јаглен. Носивоста на овие џиновски камиона се движи од 40 до 320 тона.
Слава Степанов / GELIO
Најголемиот камион во коповите е БелАЗ 756000, се произведува во Белорусија, се одликува со носивост од 320 тона, а под целосно оптоварување тежи неверојатни 560 тони. Ова е еден од најголемите камиони произведени во светот. Апсолутен светски рекордер е БелАЗ 75710, кој се одликува со носивост од 450 тона, што е за 50 тона повеќе од конкуренцијата од САД (Caterpilar) и Германија (Liebherr).
Слава Степанов / GELIO
БелАЗ – 756000 може во еден наврат да земе цели три вагони камења, кал и друг отпад.
Слава Степанов / GELIO
Потрошувачката на гориво на овој камион е за восхит: тој троши цел тон дизел горива на 100 км. Неговиот резервоар е исто така импресивен – 4.360 литри. Секоја гума на БелАЗ 756000 тежи 8 тони и чини околу 28.600 американски долари. За да се промени гума на овој камион потребно е да се донесе специјален кран.
Слава Степанов / GELIO
Кемеровските рудници работат 24 часа дневно, а работата запира само за новогодишните празници.
Слава Степанов / GELIO
Дури и во услови кога нема ветар се креваат облаци прав и смог, кои се последица од работата на моторите со внатрешно согорување сместени во басенот. На екстремно ниски температури, кога надворешната температура се спушта под -40 степени според Целзиус, машините се исклучуваат додека повторно не се загрее.
Слава Степанов / GELIO
Јагленот е еден од првите облици на фосилни горива експлоатирани од страна на човекот. Неговата употреба ја забрзала Индустриската револуција. Со текот на времето во процесот на експлоатација на јаглен користена е сета современа технологија.
Слава Степанов / GELIO
Главно, кузнецкиот јаглен се користи во Западен Сибир, Урал и во европскиот дел на Русија. Но, во последно време за околу 41% порасна неговиот извоз во Европа.
Слава Степанов / GELIO
Во просек, за време на согорувањето на еден километар јаглен се ослободуваат околу 2.93 килограми јаглероден диоксид (CO2).
Слава Степанов / GELIO
Во шеесеттите години од минатиот век половината од светската енергија се произведувала од јаглен, а во седумдесеттите години од минатиот век овој удел опаднал за една третина. Употребата на јаглен вообичаено се зголемува кога на светскиот пазар се високи цените на нафта и на други извори на енергија.
Слава Степанов / GELIO
Цената на јагленот зависи од неговото значење во дадениот момент и од квалитетот, а врз нејзиното формирање големо влијание имаат и транспортните трошоци. Средната цена на еден тон јаглен во Русија изнесува околу 100 американски долари.
Слава Степанов / GELIOПретплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче