Возилото е наменето за одржување на борбената техника во исправна состојба, а која се наоѓа во состав на рускиот контингент во Сирија. Покрај тоа, ова возило е специјализирано за извлекување и транспортно влечење на борбена техника, вклучувајќи ја и онаа која се наоѓа на првата линија на фронтот, во услови на директно непријателско дејство. Благодарение на инструментите и алатите кои се наоѓаат во комплетот на ова возило, можно е да се отстранува голем број на дефекти во теренски/полски услови. Се наоѓа во состав на оклопно-механизираните единици.
БРЭМ-К е конструиран уште во 1988 година во Горковскиот автозавод попознат како ГАЗ и по 5 години е примен во оперативните единици на руската војска. Ги задржа сите карактеристики на класичната борбена верзија БТР-80, како што се дебелината на оклопот, брзината и проодноста, како и способноста за совладување на водени пречки.
Најголемите промени се направени на горниот дел на возилото. Имено, место куполата со тежок митралез која е карактеристична за борбената верзија на БТР-80, интегриран е ротирачки вител со носивост од 800 кг. На телото на оклопот е монтиран и електро-генератор, како и кутии со прибор и специјални алати.
Екипажот е составен од 4 војници, а освен нив, транспортерот може да превезе уште 6 лица, како што е, на пример, екипажот на техниката која се транспортира и сл. Вооружен е со еден митралез ПКТ калибар 7,62мм.