Русите го испратија „острото око“ од Кронштат да ги лови терористите во Сириjа

Беспилотно летало „Орион-Э“

Беспилотно летало „Орион-Э“

Слободан Ѓукиќ
На небото над населеното место Латамина во сириската провинција Хама, забележано е новото руско беспилотно леталот „Орион“. Оваа информација е потврдена и со видео запис кој може да се види подолу во текстот. Судејќи според сѐ, ова е првата борбена задача што ја изврши ова летало, односно нејзината премиера е во време кога по подолго време во оваа област повторно се разгореа борбите.

Премиера на „МАКС 2017“ и веднаш во Сирија 

Беспилотното летало „Орион“ првпат беше покажано во јавност на големиот меѓународен авиосаем „МАКС-2017“ што се одржа летово во градот Жуковски во Московската област. Неговиот главен конструктор и производител е многу сериозната руска компанија „Кронштадт“, која инаку е лидер во развојот и производството на софистицирана специјална техника. На овој саем леталото беше покажано под ознаката Орион-Э.

Основни тактичко-технички карактеристики и негова намена

Според производителот, се работи за тактичко беспилотно летало со зголемена автономија на летот. Во негов состав влегува беспилотното летало, систем за автоматско полетување и слетување, копнена станица за наведување и технички елементи неопходни за негово одржување.

Неговата основна намена е патролирање, извидување и следење на различни објекти со способности за наведување на оган (бомбардери, артилерија) и негови корекции. На овој план руските инженери го унапредија постојниот електро-оптички и навигациски пакет и ги направија едноставно совршен за вакви задачи. Покрај задачи за откривање, наведување и корекција на оган, „Орион“ има можност да биде пренаменет и во ударно беспилотно летало кое ќе може да носи високопрецизно вооружување од класата „воздух-земја“.

Оперативен радиус: 250 км

Автономија на лет: 24 ч.

Висина на лет: 7500 м

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња