Очите и ушите на руската армија

Press photo
Патролирањето и снимањето на теренот од космосот е еден од задолжителните елементи на современите подготовки за секаква воена операција.

И во минатото војската интензивно ги користеше сателитите, но нивното влијание стана значително поголемо со појавата на високопрецизното оружје и со воведувањето на високите технологии во воената сфера. Руската космичка група сателити спаѓа меѓу најголемите и најефикасните на светот.

Руски сателити во Сирија

Сириската кампања на Воено-космичките сили на Руската Федерација се изведува со најинтензивна примена на воените сателити од времето на Советскиот Сојуз. Овие податоци главно се држат во тајност, но определени важни факти се сепак познати. Сателитите во Сирија пред сè се користат за набљудување. Уште пред почетокот на сириската операција на небото над Сирија е формирана група од неколку десетици космички апарати кои детално го имаат снимено подрачјето на борбените дејствија. На снимките се гледаат постојаните позиции на исламистите и нивните главни комуникации.

Покрај за овие традиционални примени, сателитите се користат и за други потреби. Со нивна помош се насочува високопрецизното оружје. Сателитите ја забележуваат целта, го земаат предвид теренот и ги пренесуваат овие податоци на компјутерот кој непосредно управува со ракетата. Освен тоа руските космички апарати го контролираат небото над Сирија и акваторијата во близина на брегот. Оваа внимателност на почетокот на операцијата изгледаше излишна, но се покажа дека е оправдана. Сателитите ја набљудуваат и турско-сириската граница, која по уривањето на рускиот авион Су-24 стана клучен објект на внимателност на руската команда.

Кои сателити се користат

Во изминативе 15 години руската група воени сателити во космосот е значително модернизирана. Претходно сателитот беше апарат со поголеми размери кој податоците ги пренесуваше на земјата така што исфрлаше лента со снимки во специјална капсула. Сега ова се прави на сосема поинаков начин. Од почетокот на минатата деценија руската воена индустрија почна со конструирање и лансирање нова серија сателити од типот „Персона“. Тие ги заменија сателитите од типот „Неман“, произведени уште во Советскиот Сојуз. Сателитите „Неман“, како и нивниот наследник „Кобалт“ во орбитата минуваа најмногу една година., што во вообичаен режим на лансирање ракетен носач не даваше можност за редовно обновување на космичката група и редовно добивање оперативни информации од космосот.

Персона

„Персона“ може да помине значително повеќе време во космосот, а препознава и снима дури и најситни објекти кои не се поголеми од 30 сантиметри, Податоците повеќе не се испраќаат на Земјата во капсула, ами преку специјален радиоканал, И овој сателит има голема маска, но е опремен со многу посовршени уреди одошто неговите претходници. Оптичката дигитална фотокамера прави мошне јасни снимки на површината на земјата и на воените објекти. Еден сателит „Персона“ може да се користи во орбитата седум години.

Сателит „Персона“. Извор: Press PhotoСателит „Персона“. Извор: Press Photo

Лотос

Со цел радиоелектронско набљудување конструиран е сателит од серијата „Лотос-С“. Тој го замени советскиот сателит „Целина“. Работниот век на „Целина“ сè уште не беше при крај, но во овој случај до замена дојде од политички причини. Стариот сателит беше направен во украинското претпријатие „Јужмаш“ со кое соработката е прекината уште пред кризата предизвикана од настаните на Крим и во Донбас.

Сателит „Целина„. Извор: Press PhotoСателит „Целина„. Извор: Сергеј Казак/ТАСС

Меридијан и Радуга

Освен тоа се реализира и голем проект поврзан со создавањето нов систем за сателитски комуникации во интерес на Министерството за одбрана на РФ и на Главната разузнавачка управа. Сателитите од типот „Меридијан“ и „Радуга“ обезбедуваат комуникација помеѓу бродовите, подморниците, авионите и копнените единици. Се предвидува и нивно користење во цивилната сфера. Според замислата на конструкторите, овие сателити треба да создадат густа мрежа на комуникации на северот од Сибир и во рускиот Далечен Исток, во рамките на проектот за развој на економијата на овие региони во Русија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња