Извор: Росијскаја газета
„Орлан“, како и другите воени беспилотни летала - „Груша“ (мак. круша), „Гранат“ (мак. калинка), „Леер“ (мак. јаже), „Форпост“ (мак. претстража) – оваа година во армијата првпат почна да се користи за заштита на воените населби од можни терористички напади. А во текот на маневрите и обуките, кревајќи се на небото на височина од 30-6,500 метри, тие ги обезбедуваа штабовите со оперативни информации за движењата на оклопни колони, за распоредувањето на единиците на наведените позиции, овозможуваа во режим на реално време да се контролира извршувањето на задачите за борбена обука. Разузнавачките податоци и кадрите од воздушните фотоснимања добиени со помош на беспилотните летала, командирите ги искористија за поразување со артилериски оган на замислениот противник. Згора на тоа, технолошката опрема на овие летала овозможуваше да се прикаже на мониторите слика од „битката“, да се набљудуваат резултатите од артилериското гаѓање и да се врши корекција на артилерискиот оган.
Исто така малиот „Гранат“ за сметка на скратување на времето за откривање на цели и со особена прецизност на наведување на целта ја зголеми ефикасноста на гаѓањето на артилериската батерија за 1,5 - 2 пати. Освен тоа, погодните за секакво време мобилни системи за разузнавање, наведување и врска во кои спаѓаат и беспилотните летала, можат да работат во својство на репетитори за врска со вишите штабови. Сите аудиовизуелни информации се пренесуваат по безбеден канал на далечина до 100 километри.
Се разбира, војската би сакала да види во својот арсенал универзална беспилотна авиотехника која е подготвена не само во режим на реално време да доставува до командирите информации за противникот, туку и по потреба да ги уништува неговите објекти. Меѓутоа, сега за сега, тоа е работа од иднината.
Беспилотни летачки средства сега имаат практично сите копнени бригади и дивизии на Руската армија. Не толку одамна во нивната штапска структура се воведе одделение за беспилотни летала. За служба во тие единици се одбираат војници со техничко образование и со добро познавање на компјутери.
Што се однесува до Руската армија, таканаречените дронови војската активно ги применува уште и за радиоелектронска неутрализација на „туѓа“ апаратура. На пример, со нивна помош може да се неутрализира мобилна телефонска врска.
Оригиналот може да се најде тука.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче