Конкурентот на Intel и AMD од Русија

Извор: Alamy / Legion Media

Извор: Alamy / Legion Media

Московскиот центар на SPARC технологија (МЦСТ) соопшти дека е започнато производство на домашните чипови со осум јадра, според производителите, треба на рускиот пазар да ги заменат процесорите на Intel и AMD. Производството на руските чипови се развива во рамките на програмата за делување во областа на увозот, која е предизвикана од санкциите од страна на САД и на Европската Унија. Од друга страна експертите на перспективата на руските микропроцесори гледаат со скепса.

Рускиот приватен производител на микропроцесори МЦСТ на почетокот на јули 2014 година пушти во производство експериментална партија на процесорите со осум јадра „Елбрус-8С“ од топологијата 28 нм, направени врз сопствена 64-степенска архитектура. Оперативната фреквенција на чипот е 1.3 GHz, а со моќност од 250 гигофлопси. Разработката започна во 2011 година по нарачка на Министерството за индустрија и трговија, кое во проектот вложи 24.4 милиони американски долари. 

Производителите ветуваат дека ќе подготват 300 мостри од „Елбрус-8С“ веќе кон крајот на 2014 година. Во понатамошниот период МЦСТ планира да започне со производство на сервери, работни станици и телекомуникациска опрема врз база на своите микрочипови. „Елбрус-8С“ е првиот процесор со осум јадра, кој се произведува од руска компанија. 

Li-Fi замена за Wi-Fi?
Руската фирма Stins Coman го продава своето Li-Fi решение (пристап до безжичен пренос на податоци кој наместо радиобрановите на стандардната мрежа Wi-Fi, користи светлосни бранови што се емитуваат со посебни LED светилки со вграден микрочип) во САД, Израел, Кина и во други земји. Ќе може ли Li-Fi да се натпреварува со безжичниот Wi-Fi во сигурноста на преносот на информации и во брзината?

Министерството за индустрија и трговија и Министерството за одбрана пред неколку месеци го покренаа прашањето увозна супституција на странската електронска техника, пред сè на процесорите Intel и AMD, а што е поврзано со последните санкции од страна на САД и Европската Унија, а исто така и со политичката ситуација поврзана со Украина. 

Помеѓу потенцијалните нарачатели на МЦСТ ги гледаат руските крупни производители на компјутерска техника како што се Depo Computers, Kraftway и „Аквариус“. Компанијата Kraftway во 2012 година се зафати со производство на моноблок на база на процесор на МЦСТ од претходното поколение „Елбрус-2С“, но поради малиот обем на производство цената на уредот надмина 3.000 американски долари, што не дозволи да излезе на поширокиот пазар. 

Овој пат, според претставникот на МЦСТ Константин Трушкин, компанијата се надевам дека како купувачи на производите врз основа на „Елбрус-8С“ ќе ги придобие факултетите и државните институции, сметајќи дека тоа ќе го зголеми обемот на производството и, како последица на тоа, дека ќе се дојде до пониски цени. Овие планови се поткрепуваат и со статистиката на Министерството за индустрија и трговија – според податоците, државните компании и организации годишно купуваат околу 700 илјади персонални уреди на сума од 500 милиони американски долари, а исто така и 300 илјади сервери за 800 милиони сервери, а вкупната сума на пазарот изнесува 3.5 милијарди долари. 

„Производството на чиповите 'Елбрус-8С' ќе биде организирано во странство, изјавува Трушкин во интервју за весникот Комерсант. – Во РФ за тоа не постои технолошки капацитет, а во определен сегмент со производството на процесори ќе се занимава тајванската TSMC“. 

Освен чиповите „Елбрус“, компанијата МЦСТ се занимава и со создавање на уште помоќен микрочип – во мај 2014 година претпријатието склучи договор со Министерството за индустрија и трговија за разработка на 64-битен процесор „Ел-16С“ со технички процесот понизок од 20 нм, кој ќе има од 8 до 16 јадра. Чипот треба да биде разработен до ноември 2018 година, а се планира да се користи за потребите на Министерството за одбрана на Русија. 

Имплицитни перспективи 

Експертите на различен начин го оценуваат потенцијалот на новите микропроцесори. Така според Олег Коленченко кој е аналитичар за хардвер на специјализираното списание Ferra, микропроцесорите Елбрус тешко дека ќе можат на кој било начин да бидат конкуренција на Intel, AMD и IBM. 

„Сепак, не треба да се потценува важноста на работата над новите микропроцесори, излегувањето на „Елбрус-8С“ е мошне голем чекор напред. Уште повеќе што во неговата архитектура се реализирани неколку мошне интересни технологии, кои во прв ред се однесуваат на заштитата, а со своите задачи во областа на одбраната за која тој е и нарачан, микропроцесорот се справува исклучително добро“, појаснува Коленченко. 

Претставниците на Intel, пак, не гледаат никаква закана за својата работа во Русија, барем засега. „Ние сме американска компанија и, безусловно, ги исполнуваме барањата на властите на САД. Но, тргнувајќи од информацијата за санкциите која денес ја имаме во отворен виде, Intel нема да треба да ја коригира својата работа во Русија“, изјави за „Руска реч на македонски“ регионалниот директор на Intel за ЗНД Дмитриј Конаш. „Ние не продаваме ништо директно на компаниите кои влегуваат во списокот на санкции, или, пак, на лицата што се на контролниот список. Ние во Русија имаме низа клиенти со кои работиме директно на проекти за технолошки консалтинг“. 

Освен МЦСТ, со производство на компјутери и на микрочипови за компјутери во Русија се занимаваат уште неколку компании: Rover Computers, еден од најпознатите производи на оваа фирма се лаптопите од линијата RoverBook, DEPO Computers, кои се сосредоточени на производство на десктоп-компјутери и на сервер, а исто така и Desten, производител на домашни и на специјализирани канцелариски компјутери.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња