10 апликации за туристите во Москва и во Санкт Петербург

Извор: ИТАР-ТАСС

Извор: ИТАР-ТАСС

Покрај стандардните апликации како што се AroundMe, Skyscanner, TripAdvisor, GoogleTranslate, кои веќе ги има на телефоните на секој турист, во Москва и во Санкт Петербург постојат апликации без кои едноставно не се може.

 

Yandex Metro 

Апликацијата помага при избирањето оптимална рута за патување со метро. Програмата го покажува времетраењето на патот, ви предлага неколку варијанти. Во апликацијата се достапни 5 града, вклучувајќи ги Москва и Санкт Петербург. Достапна е на руски и на англиски јазик. 

https://itunes.apple.com/ru/app/andeks.metro/id392589075?mt=8 


 

Moscow Pass 

Апликацијата е добра алтернатива на тешките водичи и карти. Во неа се наоѓаат информации за музеи, паркови, ресторани, туристички рути и за индивидуални рути за забава. Картата на градот и на метрото е достапна онлајн. Можно е онлајн да се порача тура низ градот и да се купи првиот Moscow Pass кој ви ги отвора вратите на 13 московски музеи, бесплатно возење со автобус hope-on hop-off и речна тура по реката Москва. Достапна е на англиски јазик. 


 

Yandex Мапи 

Во апликацијата се достапни мапи од целиот свет, но најдетални и најточни се оние на руските градови. Мапите можат да се симнат и да се користат онлајн според град. И оваа апликација помага при одредување на рутите низ градот, земајќи ги предвид метежите на улиците. Со нејзина помош може да се најде која било организација, претпријатие или кое било кафуле. 

https://itunes.apple.com/ru/app/andeks.karty/id313877526?mt=8


 

Аерексперс

Со помош на оваа апликација можете многу поедноставно да купите билет за возот што оди од градот до аеродромите. Билетот го плаќате преку телефон, а најважно е што не е потребна испечатен билет, кој може лесно да се изгуби. На дофат на рака ви е и распоредот на слетувањето и на одлетувањето на авионите од аеродромите Внуково, Шереметјево и Домодедово, а исто така и шемите на терминалите и возниот ред на возовите. 

https://itunes.apple.com/ru/app/aeroekspress/id587379898?mt=8 


 

Мобилен туристички портал на градот Москва 

Апликацијата што ја разработи Владата на Москва, содржи најцелосна информација за интересните места, за црквите, за хотелите, спортските објекти, туристичките агенции, рестораните и баровите. Може да се најде информација за најинтересните настани, а исто така и да се видат куси видеа за знаменитостите на Москва.

 

https://itunes.apple.com/ru/app/mobil-nyj-turisticeskij-portal/id566258269?mt=8


OBIT Free Wi-Fi 

Апликацијата служи за пронаоѓање бесплатен интернет во Санкт Петербург. Се пребарува или по местото на кое моментално се наоѓате или според метро-станица, или наведена адреса. Точките можат да се наоѓаат на која било оддалеченост од уредот. 

https://itunes.apple.com/ru/app/obit-free-wi-fi/id601387634?ls=1&mt=8 

 

 

InTaxi 

Овозможува да се нарача такси без повик и без оператери, кои најчесто не зборуваат странски јазик. Се внесува точката на која се наоѓате и точката до која сакате да стасате, програмата ви нуди возачи кои се наоѓаат во близина, а корисникот самостојно го избира таксито според цената и местото. Апликацијата функционира во Москва и во Санкт Петербург на англиски и на руски јазик. 

https://itunes.apple.com/app/intaxi/id448134339?mt=8 


Петербург на дланка – водич низ Санкт Петербург 

 

Информациската апликација претставува водич низ Санкт Петербург. Програмата вклучува информации за музеи, продавници, ресторани и мноштво хотели рангирани според бројот на ѕвездички. Има и мапа на метрото, броеви за информации, мапа на центарот на градот и информација за автопатите и за аеродромите. 

https://itunes.apple.com/us/app/saint-petersburg-sankt-peterburg/id519000346?mt=8 

 

 

 

RM Guide 

Апликација на Рускиот музеј која го дополнува самиот музеј: корисникот добива информации за објектот (за историјата на сликите, авторите, аудиозаписи и интересни линкови). Работи на Интернет. Достапна е на руски и на англиски јазик 

https://itunes.apple.com/us/app/rm-guide/id496571734?mt=8 


Смарт-музеј

 

Апликацијата му овозможува на корисникот да добие информации за експонатите во некој музеј, а исто така и му помага да го пронајде патот од местото на кое што се наоѓа до самиот музеј. Апликацијата го дава и работно време и историјата на музејот. Достапна е на руски, на англиски и на германски јазик.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња