Li-Fi замена за Wi-Fi?

Извор: Shutterstock

Извор: Shutterstock

Руската фирма Stins Coman го продава своето Li-Fi решение (пристап до безжичен пренос на податоци кој наместо радиобрановите на стандардната мрежа Wi-Fi, користи светлосни бранови што се емитуваат со посебни LED светилки со вграден микрочип) во САД, Израел, Кина и во други земји. Ќе може ли Li-Fi да се натпреварува со безжичниот Wi-Fi во сигурноста на преносот на информации и во брзината?

Во април 2014 година руската фирма Stins Coman објави статија за развој на безжична локална мрежа под назив BeamCaster. Ова иновативно решение претставува пренос на информации на електронски уреди со помош на светлина. Срцето на мрежата е рутер кој може да пренесува сигнал со помош на зраци светлина на оддалеченост до 7 или 8 метри. Сигналот може да се пренесе на осум уреди одеднаш во различни делови на просторијата, а брзината е четири пати поголема од стандардниот Wi-Fi.  

Уредот има неколку недостатоци, како што се: тешкотија во инсталирањето на приемникот, незгодна работа на мобилните уреди. Потенцијалниот пазар за овој уред е околу 5% од оној што моментално го зазема Wi-Fi. 

Вадим Сухомлинов 

стратешки менаџер на Интел во Русија

BeamCaster нуди бројни предности; на пример, мобилност и брзина на конфигурацијата. „Сè што треба да направите е да го инсталирате модулот на пренос на стропот, да ја инсталирате програмата за примање сигнал на компјутерот и за само неколку часа ќе добиете работна мрежа“, вели Дариуш Заенц, раководител на RiT Technologies, која се занимава со развој на оптички технологии. 

Уште една брзина е неговата предност. Модулот BeamCaster може да пренесува податоци со брзина од 1.25 ГБ во секунда, ова е гарантираната брзина за секое работно место. Во блиска иднина се планира зголемување на брзината до 5 ГБ во секунда. Ова е значително побрзо од Wi-Fi. „Знаеме дека најголемата брзина на Wi-Fi мрежата е 300 МБ во секунда (802.11n стандард) – ова е брзината на целиот канал, а не на секој поврзан корисник“, објаснува Заенц. 

Меѓу другото, фирмата тврди дека нивното решение е многу посигурно од Wi-Fi мрежата. „Како што знаете, безжичниот сигнал минува низ ѕидови, па хакерите мошне лесно можат да се приклучат на мрежата на некоја фирма. Нашиот уред за пренос на податоци само преку светлосен сноп, така што е невозможно да се преземе или да се прислушува“ Освен тоа, Wi-Fi ѝ пречи на останатата електроника, на пример, на медицинските уреди. Тука предноста е и во тоа што надворешните електромагнетни полиња не влијаат на светлосните зраци. 

Силно светло 

Јотафон – проверка на првиот руски смартфон
Нашата колешка помина една недела со претпродажната верзија на уредот и ги утврди сите плусови и минуси на првиот смартфон со два екрана, а кој е конструиран во Русија.

Сетот на BeamCaster, кој вклучува средишен уред плус осум приемници, во моментов чини илјада долари. Цената е мошне висока, па затоа главните клиенти на BeamCaster се големите претпријатија како што се Arris од САД (за видеоапликации), Cortina од САД (за одржување на инженерскиот центар), Bynet од Израел (за сервисирање на кол-центарот), Soarsky од Кина (шест системи за нивните инженерски уреди). 

Но, како што велат инженерите за развој, наскоро ќе се продава сет со уред кој во просек ќе чини околу 100 долари. Ваквата цена ќе овозможи влегување на нови пазари. 

Сепак, стручњаците се скептични за иднината на проектот. 

„Уредот има неколку недостатоци, како што се: тешкотија во инсталирањето на приемникот, незгодна работа на мобилните уреди. Потенцијалниот пазар за овој уред е околу 5% од оној што моментално го зазема Wi-Fi, вели Вадим Сухомлинов, стратешки менаџер на Интел во Русија. Научниците веќе извесно време знаат дека светлосните бранови се добри за пренос на информации. Харалд Хас, професор на Универзитетот во Единбург, е првиот што успешно демонстрираше прототип на уредите што пренесуваат податоци со LED зрачење, па дури и создаде компанија за продажба на Li-Fi врз основа на ова решение. Li-Fi е уникатен по тоа што создава бинарен код со светлосен сноп, додека Wi-Fi пренесува податоци преку бранови.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња