Побрзо, поблизу, полесно и без пилот

Се смета дека беспилотните летала се иднината на бесконтактните војни. На фотографијата: руското летало Горизонт Еир S-100. Извор: ИТАР-ТАСС.

Се смета дека беспилотните летала се иднината на бесконтактните војни. На фотографијата: руското летало Горизонт Еир S-100. Извор: ИТАР-ТАСС.

Беспилотните летала (БПЛА) се една од главните теми во современиот воен печат. Големо внимание им придава и раководството на рускиот воен ресор: значењето на автоматските воздушни летала во современата вооружена борба расте од година в година, а изградбата на беспилотни летала кои одговараат на сите современи барања преставува една од најважните етапи во тековниот развој на Вооружените сили на Русија.

Стручњаците претпоставуваат дека беспилотните летала ќе најдат примена практично во сите видови руски Вооружени сили. Пред сè, беспилотните летала можеме да ги третираме како детерминирачки средства на Военото воздухопловство, зашто за време на воените конфликти е карактеристична широката примена на авијацијата чие дејство го одредува извршувањето на борбената задача во целина. Во врска со ова, широката примена на беспилотната техника може да биде клучна за развојот на Воено-воздушните сили.

Супервисокомолекуларно

Новите технологии не овозможуваат само да поевтинат и да се олеснат самите беспилотни летала, туку и да се намали времето за нивното производство. Така Серускиот научно-истражувачки институт за синтетички влакна разви нова технологија за добивање армирани влакна со висока цврстина од супервисокомолекуларен полиетилен (СВМПЕ), кој во составот на композитните материјали овозможува масата на планерот на беспилотно летало да се намали за 2 до 2.5 пати.

„За современата вооружена борба во воздух особено е важно да се ликвидира ризикот од губење на летечкиот состав. Борбената способност на групациите на современата авијација во релевантен степен е одредена со постоењето на обучен летачки состав. Стои фактот дека за обука на квалификуван пилот се потребни повеќе од десет години, додека за производство на едно летало, дури и ако тоа е најкомплицирано и најскапи, потребни се најмногу неколку недели“, ни ја објаснува предноста на беспилотните летала Константин Сивков, доктор на воени науки, прв заменик-претседател на Академијата за геополитички проблеми.

Сепак плусовите на авијатичката техника, па и на беспилотната, најцелосно се откриваат во современите борбени дејствија за време на нивната примена во составот на Воената морнарица. Оценувајќи ја перспективата на развојот на бродскиот состав на флотата и на неговата поморска авијација, главниот командант на Руската морнарица, адмирал Виктор Чирков, укажува на тоа дека беспилотните летала треба да станат еден од најважните видови вооружувања на идните бродски основни класи. „Тоа е целосно во согласност со генералната насока на развој на поморската авијација на водечките земји во светот“, изјавува Чирков.

Широката примена на беспилотната техника може да биде клучна за развојот на Воено-воздушните сили.

Експертите велат дека потенцијалните воени конфликти во блиска иднина во повеќе правци ќе се детерминираат со борба со здружените единици на надводните сили на противникот, пред сè со носачите на авиони. Поради тоа се формираат разнородни ударни здружени единици кои вклучуваат надводни бродови, подморници и поморска авијација со адекватно вооружување. Но, нивното користење со целосен домет е можно само под услов на благовремено добивање на координатите на целта од надворешни извори. Истовремено единиците на носачите на авиони на потенцијалниот противник имаат можен ПВО, па затоа извидувачките авиони, ако дејствуваат поединечно или во помали групи, брзо ќе бидат уништени под дејство на ловечката противничка авијација и нема да можат да ги извршат задачите што се претставени пред нив.

Во такви услови, создавањето беспилотни летала кои се способни да извршуваат извидување на здружени надводни бродови на противникот во услови на повратно дејство на ПВО, паралелно со обновувањето на системот на поморско-космичото извидување, претставува најефикасен пат за решавање на овој проблем.

Водечката руска авиоконструкторска корпорација „Сухој“ ги соопшти своите планови дека до 2018 година ќе направи ударно тешко беспилотно летало од 20 тони.

Ваквото беспилотно летало од авионски тип треба да има далечина на летање од најмалку 2.000-3.000 километри. Нејзиното радиоелектронско вооружување треба да има силна радиолокациска станица која овозможува воочување на надводни цели на оддалеченост од најмалку 400-500 километри, средства за воочување ловечки авиони, ракети од типот „возух-воздух“ и од „земја-воздух“.

Освен тоа, денес руските претпријатија се занимаваат со производство на широк спектар лесни извидувачки беспилотни летала. Меѓу нив се „Дозор-600“, „Инспектор 301“, „Орлан-10“ и „Форпост“. Министерството за одбрана на Русија и Федералната служба за безбедност веќе воведе дел од нив во своето вооружување.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња