Руските ученици создадоа уникатен дигитален медиум

Извор: www.progorodnn.ru

Извор: www.progorodnn.ru

Група ученици од Нижни Новгород (Поволжје) измислија нов дигитален медиум, кој според начинот на работа е единствен во светот. Изумот на тројцата ученици од математичката гимназија влезе во финалето на натпреварот Google Science Fair 2013.

Принципот на работа на овој уред се засновува на интеракцијата на ласерската светлина со органско стакло. Момчињата најдоа мошне интересна примена на овој процес, вели професорката по физика на младите пронаоѓачи од нижнегородската гимназија, Наталија Варгина.

Денес постојат низа изуми кои по експериментален пат ја откриле природата на интеракцијата на ласерската светлина со органско стакло. Момчињата решиле да ги искористат резултатите од овој експеримент. Експериментот докажува дека на органското стакло можат да се прават дупки. Нивна идеја, пак, е да се искористи ова својство за зачувување оптички податоци. Момчињата сами пронашле начин како да ја кодираат информацијата, и сега продолжуваат да работат на тоа, го усовршуваат начинот, прават пресметки и лабораториски мерења.

Медиумот што го предложија учениците по големината може да се спореди со лист хартија со формат А4 и дебелина од 1 милиметар.

 

Медиумот што го предложија овие ученици по големината може да се спореди со лист хартија со формат А4 и дебелина од 1 милиметар. На ваков лист можат да се запишат 28 терабајти информација – 14 пати повеќе отколку на стандарден хард-диск. Носачот има низа важни предности, вели еден од пронаоѓачите Никита Черњадев.

Првенствено, тоа е количество информации кое се евидентира на единица површина. Таа се зголемува со зголемување на густината на записот. Втората работа е сигурноста. Тоа се двете најважни предности пред постоечките аналози.

Момчињата работеле шест месеци на својот пронајдок, а веќе три години се занимаваат со информациските технологии. „Сè започна одамна, уште во седмо одделение, кога започнавме да правиме проекти на училиште“, вели 16-годишниот Никита, за кого неколку години е навистина долг период.

Новиот медиум нема да биде наменет за обичните корисници, туку за големите корпорации кои работат со големи количества информации.

„Својот проект ќе го претставиме на конференцијата 'Отворени иновации' во Москва. Би сакале да земем учество и во 'Рост' (Русија – Одговорност – Стратегија – Технологија) во Нижни Новгород. 'Рост' би ни овозможил потоа да заминеме на натпреварот за научни и инженерски проекти Intel ISEF (Intel International Science and Engineering Fair) во Соединетите Американски Држави.“

За проектот на учениците од Нижни Новгород се заинтересира и Руската академија на науките, експериментално беше тестиран и на Институтот за применета физика на Руската академија на науките. Сега овие момчиња работат на модел на уредот. Како што велат имаат рок од „две до три недели“. Новиот медиум, како што велат тие, нема да биде наменет за обичните корисници, туку за големите корпорации кои работат со големи количества информации.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња