„Воената пајажина“ има висок степен на заштита од надворешни влијанија и овозможува размената на информации да се врши со гарантиран степен на безбедност. Извор: АР.
„Воената пајажина“ која ги поврзува поголемите и помалите воени формации од Калининград до Нижни Новгород и од Североморск до Воронеж, е тестирана на почетокот на септември минатата година, за време на изведувањето воена вежба на единицата за врска на Западниот воен округ (ЗВО). Ова го изјави полковникот Андреј Бобрун, началник на одделението за односи со јавност на ЗВО.
„Во денешно време покрај класичните комуникациски канали, на управата на Западниот воен округ на располагање ѝ се и современи специјализирани електронски комуникациски мрежи кои овозможуваат раководење со војската во реално време, моментален пренос на различни текстуални документи, како и фајлови со фотографии и видеоматеријал со каква било големина“, додаде полковник Бобрун.
Ова е веќе втора воена вежба на која успешно се тестирани теренските командни мрежи од затворен тип, меѓу другото и при управување со оперативно-тактичкиот ракетен систем „Искандер“.
„За време на вежбите војниците за врска на Западниот воен округ креираа самостојна мрежа на информациски јазли и пунктови со повеќе нивоа, која ги поврза различните копнени формации на Западниот воен округ, Балтичката и Северната флота, како и воздухопловните команди“, изјави Бобрун.
Според полковник Бобрун, за време на вежбите била одржана и видеоконференција на која „учесниците можеле не само да се слушнат, туку да се видат еден со друг, да разменуваат електронски документи, како и графички и видеоматеријали со висока резолуција“.
Освен тоа, воениот Интернет овозможува да се воспостави видеоврска помеѓу командирот на терен и началникот кој се наоѓа во кој било дел на Западниот воен округ. Може, на пример, да се одржуваат видеоврски со посадите на бродовите што извршуваат задачи каде било на светскиот океан, објаснува Андреј Бобрун. „Воената пајажина“ има висок степен на заштита од надворешни влијанија и овозможува размената на информации да се врши со гарантиран степен на безбедност.
Ова е веќе втора воена вежба на која успешно се тестирани теренските командни мрежи од затворен тип, меѓу другото и при управување со оперативно-тактичкиот ракетен систем „Искандер“.
Унапредувањето на армискиот комуникациски систем се огледа и во фактот што Министерството за одбрана постепено престанува да изнајмува комуникациски линии од цивилната компанија „Ростелеком“ и преминува на формирање специјализирани комуникациски линии со зајакната заштита од неовластен пристап.
Минатата пролет одговорните руски служби и вооружените сили симулираа престан на работата на Интернетот и со помош на сопствената информациска мрежа во тропосферата воспоставија врска на подрачје кое е 57 пати поголемо од Естонија.
Широката примена на достигнувањата на високата технологија во Вооружените сили на Русија истовремено ќе биде потстрек таа да се развива и да се произведува токму во Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче