Научна војска

Извор: PhotoXPress.

Извор: PhotoXPress.

Министерството за одбрана планира да создаде „научна војска“ во која студентите ќе извршуваат научно-технички работи во интерес на воениот ресор. Ова го изјави министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу на средбата со наставниците и со студентите на Московскиот државен технички универзитет „Бауман“.

„Ја разгледуваме можноста за формирање на оддел за кој засега имаме смислено само работен назив „научна чета“ по примерот на спортските чети. Во неа ќе служат талентирани деца, кои без да ја напуштат универзитетската зграда, заедно со наставниците ќе ги извршуваат оние работи што му се потребни на министерството за одбрана“, изјави Шојгу на средбата со наставниците и со студентите на Московскиот државен технички универзитет „Бауман“.


За нас е поедноставно да дојдеме по вас во некој доцен час и со вашите нови дипломи кратко да ве потстрижеме и да ве однесеме онаму каде што треба, но нам денес ни е потребен поинаков војник.

Сергеј Шојгу

министер за одбрана на РФ 

„Подготвени сме да ги финансираме научно-истражувачките и конструкторските работи на ваквите групи, но од нив очекуваме јасни резултати, а не некакви фантазии. Вие сте први на потег“, подвлече Шојгу, обраќајќи им се на соработниците на Московскиот државен технички универзитет „Бауман“, кој е водечки технички универзитет во Русија. 

Тој подвлече дека за министерството за одбрана ваквата иницијатива не била едноставна одлука. „Ние ви излегуваме во пресрет. За нас е поедноставно да дојдеме по вас во некој доцен час и со вашите нови дипломи кратко да ве потстрижеме и да ве однесеме онаму каде што треба, но нам денес ни е потребен поинаков војник – подготвен и високопрофесионален бранител на Татковината“, подвлече министерот. 

Во февруари министерството за одбрана, раководителите на универзитетите и претставници на јавноста почнаа да ја разгледуваат идејата за нов начин на обука на студентите на воените катедри: идејата во текот на три месеци, за време на распустот, и да ја минат службата во воените оддели, со што ќе се добие практична промена на она што го стекнале за време на студиите. Воените лица ја поддржаа инцијативата, додека студентите ја прифатија со резерва.

Комбиниран извештај според материјалите на РИА Новости, Известија и Взглјад.

Спортски чети

 

Во април годинава во руската армија повторно ќе се појават спортските чести, кои официјално беа ликвидирани за време на мандатот на поранешниот министер за одбрана Анатолиј Сердјуков. Министерството за одбрана и министерството за спорт веќе започнаа да го составуваат списокот од 400 спортисти кои ќе заминат на воена служба без да ги прекинуваат подготовките за натпреварите (ваквите списоци ќе се составуваат еднаш годишно). Најдобрите војници од спортскиот одред, во кои министерството за спорт влева најмногу надеж, можат да станат дел од олимписката репрезентација на Русија. Повторно основање на спортскиот оддел онаков каков што изгледаше во времето на СССР, во декември минатата година побара претседателот Владимир Путин од министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња