Извор: Вадим Ахметов/Росијскаја Газета.
Уникатниот детектор ќе помогне во препознавање на најмалите тумори во раниот стадиум на болеста и во успешна борба против нив. Овој апарат го конструираа научниците за физика на виски енергии ЦЕРН. Според своите можности детекторот нема свој аналог во светот.
Хирургот за пократко време може поделотворно да го отстрани туморот и сите метастази што го опкружуваат. Нашите прелиминарни клинички испитувања покажаа дека понекогаш со помош на уредот можат да се локализираат микротумори кои не се гледаат на позитронско-емисиската томографија.
Малиот уред што личи на пенкало е веќе испробан за време на реални хируршки операции. Во нуклеарната медицина, која овозможува решавање сложени задачи во борбата против онколошките заболувања, новиот детектор нема конкуренција. Да кажеме, доколку некој пациент има редок облик на рак, како што е невроендокриниот тумор. Неговата величина е само пет милиметри. Речиси е невозможно да се пронајде, а уште помалку е можно да се дојде до него. Меѓутоа, со користењето на новиот уред, тоа веќе стана стварност. Ова е можно на начин што стручњаците го означуваат туморот со радиоизотоп. Притоа радиоактивниот препарат се трупа само во оштетените клетки, така што тие почнуваат да зрачат. За време на операциите уредот го регистрира ова зрачење и му помага на хирургот во целосното отстранување на целиот тумор. Со самото тоа рецидивирањето на болеста е исклучено.
За време на разработката на уредот како основа е преземена технологијата што е разработена за регистрирање честици во Големиот Хадронски судирач, изјави за Гласот на Русија раководителот на групата ЦЕРН за разработка на нови детектори, советникот на директорот на Институтот за теориска и експериментална физика, Евгениј Григорев.
Оваа технологија се засновува на принципот на броење, за разлика од принципот на таканареченото интегрирање, што се наоѓа во основата на постоечките аналози, разработени пред неколку децении. Предноста се состои во тоа Што се зголемува чувствителноста: секоја честичка се брои. За да се добие сигнал што е доволно висок за да го види електрониката, за време на користењето на принципот на интегрирање. Потребно е да се регистрираат голем број честички. Кај овој уред чувствителноста е повисока.
Постои уште една важна предност кај Русите, а тоа е цената на уредот. Американскиот детектор чини 50 илјади евра. Новиот руски уред е неколку десетици евра, што овозможува тој да може да се користи и еднократно. Притоа, како што истакнуваат лекарите кои го тестирале во Швајцарија, тој е универзален и посовршен во споредба со американскиот уред. Со помош на ваквиот детектор можат да се лекуваат ретки болести и да се зголеми квалитетот на хируршките интервенции, истакнува Евгениј Григорев:
Хирургот за пократко време може поделотворно да го отстрани туморот и сите метастази што го опкружуваат. Нашите прелиминарни клинички испитувања покажаа дека понекогаш со помош на уредот можат да се локализираат микротумори кои не се гледаат на позитронско-емисиската томографија.
Засега онкодетекторите се произведуваат во лабораториски услови – не повеќе од десетина. Ова е потребно заради завршувањето на клиничките испитувања. Потоа ќе се изврши сертификација на уредот и за половина година ќе почне да се продава во други земји.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче