По завршувањето на војната, односите помеѓу СССР и САД почнуваат брзо да се влошуваат и информациите за новиот противник се особено важни за Москва. Цел на советското разузнавање станува зградата на американската амбасада. Еден трик води до успех.
„Бубачка“, наречена „Златоуст“, е монтирана во амбасадата заедно со „подарок од советските пионери“. Тоа е резба со грбот на САД. Сувенирот е направен така што амбасадорот на САД да не може да остане рамнодушен кога ќе го види. Така грбот со „Златоуст“се наоѓа на ѕидот на кабинетот на амбасадорот. Благодарение на „бубачките“ советското раководство во текот на седум години дознава за одлуките донесени од страна на амбасадорот порано од претседателот на САД.
„Златоуст“ преживува четворица амбасадори - мебелот се менуваат, но грбот останува на своето место. Го откриваат дури во 1952 година, кога радиосигналот на „бубачките“ е пресретнат. Најпрво Американците не сфаќаат каков уред е скриен во штитот со грбот. Тој нема батерии, ами само мембрана која се активира преку радиосигнал од другата зграда. Кога се води разговор во просторијата, како резултат на флуктуациите на мембраната, се појавува радиобран кој се модулира и веќе овој сигнал се прифаќа и се дешифрира.
Во јануари 1983 година при поправка на телепринтерот во амбасадата во Москва Французите откриваат уред за прислушување наменет за пренос на информации во надворешната електрична мрежа. При направената истрага се утврди дека КГБ ги фаќа сите пораки на дипломатите од 1978 година. Во 1984 година „мајсторите“ од разузнавањето монтираат „вметоци“ во 30 нови машини наменети за амбасадата на САД во Москва. А од 1979 година се работи активно на местењето на „вметоците“ во новата зграда на американската амбасада во Москва. Елементи на уреди за прислушување се ставаат во градежните конструкции, што го прави откривањето исклучително тешко. При сето тоа Американците откриваат дел од „бубачките“, но освен тоа друг дел, во бранот на перестројката, им ги открива тогашниот претседател на КГБ Вадим Бакатин.
Патем операции со „вметоците“ се прават и во странство. Во јануари 1966 година агенти на СССР во Бејрут ставаат микрофон во кабинетот на амбасадорот на Велика Британија, а во февруари - во кабинетот на резидентите на Интелиџент сервис (операција „Рубин“). Како резултат на тоа за една година советското разузнавање успева да открие повеќе од 50 агенти на Интелиџент сервис во Блискиот Исток и во Египет, да го утврди идентитетот на шест лица, кои биле врбувани од Британците во агентурната мрежа на КГБ, Главната разузнавачка агенција (ГРУ) и Канцеларијата за безбедност на Чехословачката Советска Република (ЧССР).
На крајот на 1969 година њујоршката резидентура на КГБ става ваков уред во салата за седници на Комисијата за меѓународни односи на Сенатот на САД и така добива пристап во текот на четири години до сето она што се дискутира во оваа толку важна просторија.
На 25 април 1975 година СССР, според договорот со Владата на Куба, почна да создава прислушен центар во база на ГРУ во јужното предградие на Хавана, Лурдес. Пунктот располага со 12-метарска стационарна и друга 7-метарска мобилна антена монтирана на отворен товарен камион. Тие овозможуваат да се пресретнат пораки во опсег на ултрафреквенции кои се пренесуваат од американските сателити, а исто така и да се контролираат разговорите меѓу автомобилите за SHF-врска.
Центарот во Лурдес станува главен инструмент за собирање информации за „можниот противник“. Со помош на Кубанците СССР „го става увото“ директно до вратите на САД и може да пресретнува податоци од радиоетерот на целата американска територија. Опремата на центарот се модернизира неколку пати - во деведесеттите години од минатиот век неговиот капацитет е таков што може да ги шпионира комуникациските сателити.
„Обемот на информациите добиени со помош на Центарот за информации, е огромен. Тука се телефонските разговори меѓу автомобилските станици, а да не зборуваме за значителните настани од ваков вид на истрелување на ракети и следењето на нивните траектории“, вака поранешниот началник на аналитичката управа на КГБ на СССР Николај Леонов го проценува значењето на центарот.
Во 2002 година Русија ја затвора базата. Обновувањето на нејзината работа во Куба е тема на новински шпекулации, но дали руското радиоелектронско разузнавање ќе се врати на Островот на слободата, не се знае.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче