Руските специјални сили се создадени токму по завршувањето на Втората светска војна и учествуваат главно во тајни операции во целиот свет.
Групата, формирана како Спецназ ГРУ (дел од Главната разузнавачка дирекција на Министерството за одбрана) во 1949 година, се развива и постепено се претвора во силна структура со тесно специјализирани единици.
Денес во Русија функционираат единици за работа под вода, во Арктикот, во планински области и во странски земји, каде меѓу нивните задачи фигурираат дури и соборување на владата.
Бидејќи сите активности на специјалците се тајни, можеме да зборуваме само за најпознатите тајни операции опишани во извори со слободен пристап.
Првата голема странска операција на руските специјалците е во 1968 година, кога Москва одлучи да ја задуши Прашката пролет и да ги премести војниците на земјите од Варшавскиот пакт во Чехословачка. Спецназ ГРУ имаат задача да го заземат Прашкиот аеродром.
Во ноќта наспроти 21 август 1968 година советски патнички авион побара дозвола да слета вонредно на аеродромот во Прага наводно поради проблем со моторот. Откако слетува, командосите, без да истрелаат ниту еден куршум, го заземат аеродромот и ја преземат контролата на воздушниот сообраќај.
Во меѓувреме специјалците, инфилтрирани во Прага неколку дена пред операцијата, ја преземат контролата на други клучни точки во градот.
Неколку часа по преземањето на аеродромот, борбени возила на воздушните сили ја опкружуваат зградата на Централниот комитет на Комунистичката партија на Чехословачка, каде тече вонредна седница, и ги одведуваат сите високи раководители во Москва.
Истата година група од деветмина лица на Спецназ ГРУ продираат во тајната американска воздухопловна база во Камбоџа.
Таму се базирани воени хеликоптери „Супер Кобра“ (Super Cobra), опремени со најновите системи за насочувачки и наведувачки проектили.
Како резултат на операцијата, која траела 30 минути, еден од хеликоптерите е украден и однесен во Виетнам, а останатите биле уништени. Убиени или ранети во операцијата се 15 Американци.
Според руски извори САД дознаваат за нападот на базата од страна на советските специјалци години подоцна благодарение на протекување на информации од КГБ.
Ѕвездениот час на советските специјалците доаѓа во Авганистан, каде што тие се користат во целосен степен и соработуваат меѓусебно.
Една од првите и најтешки задачи на новиот муслимански баталјон на ГРУ, составен од локални жители на Централна Азија, е да им помогне на единиците „Алфа“ и „Зенит“ на КГБ да влезат во резиденцијата на дворецот Таџбег и да го уапсат авганистанскиот претседател Хафизула Амин .
Акцијата, стана позната подоцна како операција „Шторм-333“, денес е најпознатата операција на руските специјалците.
Непосредно пред операцијата, која е одржана на 27 декември 1979 година, луѓе од муслиманскиот баталјон се инфилтрирани меѓу чуварите на палатата. Задача им е да ги неутрализираат стражарите и да им помогнат на „Алфа“ и на „Зенит“ да навлезат во палатата.
Се сметало дека операцијата е невозможна, бидејќи само грст командоси требало да се соочат против 1.500 авганистански војници, вклучувајќи ги и личните чувари на Амин.
При нападот советскиот тим губи само шестмина.
Искуството стекнато во Авганистан, покажува дека СССР можеби има потреба од специјалците за саботажи надвор од земјата. За таа цел властите го создаваат одредот „Вимпел“ при КГБ, кој се смета за елитен дури и за стандардите на специјалците.
За време на вежбите „Вимпел“ тренира „симнување“ на владата на Латвија и уривање на локалното КГБ. Локалното КГБ е свесно за плановите на „Вимпел“, но и покрај тоа не може да направи ништо.
Еден од учесниците раскажува за руските медиуми дека во операцијата наречена „Јантар-87“, учествувале 10 екипи на „Вимпел“. Секој од нив имал специфична задача, а сите овие задачи биле исполнети успешно.
Еден од тимовите требало да го заплени шефот на одделот во локалното КГБ. Специјалците го фатиле во неговиот дом, откако претходно ги симнале светилките на скалите во неговата зграда.
„Сакавме да го сториме истото со шефот на КГБ, но решивме да не го правиме тоа“, раскажува учесникот. „Наместо тоа го снимавме со оптичкиот нишан на пушка и потоа му ги покажавме сликите со зборовите: „Види, беше на работ на смртта“.
Според јавни извори со текот на времето во одговорностите на „Вимпел“ е вклучена и обезбедувањето на стратешки објекти. На пример тие имаат задача да ги обезбедуваат нуклеарните централи и воспоставувањето на нивните слаби точки.
Така, во 1988 година „Вимпел“ успеваат да влезат на територијата на Белојарската АЕЦ само за 42 секунди. Планирањето на операцијата трае над еден месец. Успешното навлегување води до осмислување на начинот на кој треба да се чува слична инфраструктура.
Најмладите и тајни специјалци на Русија се нарекуваат едноставно специјалци или Спецназ. Според слободните извори Единицата е формирана во 2009 година. Таа користи платеници со искуство во други специјални единици.
Руските медиуми јавуваат дека Единицата можеби учествувала во ослободувањето на Палмира во Сирија.
Лента.ру тврди дека Спецназ се користат и против терористи од Северна Африка до Авганистан, како и во некои од поранешните советски републики во Централна Азија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче