Drozdov
Служба за надворешно разузнавањеГенерал Јуриј Дроздов - ненадминат разузнавач, одговорен за голема мрежа од агенти на КГБ во странство за време на студената војна, почина во Москва на 21 јуни на 91-годишна возраст.
Дроздов, кој ширеше страв, но и имаше ненадминат респект како кај пријателите, така и кај непријателите на Москва, има долга, речиси 40-годишна кариера.
По завршувањето на Воениот универзитет за странски јазици во 1956 година се вработил во разузнавањето. Неговата прва задача е во Источна Германија, каде што учествуваше во неколку важни мисии и тесно соработуваше со тајната полиција Штази.
Во КГБ Дроздов одговара за оперативната работа со т.н. единица „нелегални“, која се состои од шпиони, кои живееле и работеле во странство со измислени имиња и биографии. Ова се смета за една од најтешките и најважните задачи на надворешното разузнавање на КГБ.
Најпознатата мисија на Дроздов е размената на советскиот разузнавач Рудолф Абел со американскиот пилот Френсис Гери Пауерс.
Рудолф Абел (неговото вистинско име е Вилијам Фишер) работи како шпион за Москва во САД од 1948 година, а во 1957 година е уапсен. Тој одбива да соработува со американските власти и е осуден на 30 години затвор, по што СССР започнува активно да презема обиди да го слободи.
Од затвор Абел води преписка со тајните агенти на советското разузнавање. И најважниот од нив е „неговиот роднина“ Јуриј Дроздов.
Москва и Вашингтон на крајот решаваат да ги разменат Абел и Пауерс кој е фатен во 1960 година за време на разузнавачки лет над територијата на Советскиот Сојуз со авионот U-2, соборен од противавионски сили на СССР. Размената се случува во 1962 година на Глиникскиот мост (уште познат како „мостот на шпионите“) во Берлин, на границата помеѓу Источна и Западна Германија.
Во 1979 година советските власти одлучија да го соборат првиот човека на Авганистан Хафизула Амин поради неговите врски со САД. Операцијата е доверена на КГБ и специјалните единици на советската армија. Дроздов игра голема улога во освојувањето на претседателската палата.
Операцијата се спроведува на 27 декември 1979 година. Како резултат поголемиот дел од стражата на палатата е убиен и околу 150 лица се уапсени. Во истиот ден е прогласена смртта на претседателот Амин. Подоцна Дроздов во своите мемоари потсетува на зборовите на Јуриј Андропов, генерален секретар на СССР во тоа време, од телефонскиот разговор со него непосредно пред почетокот на операцијата: „Не го сакаме ова, но треба“ - наскоро потоа почнува десетгодишната војна во Авганистан.
Возбуден од успешното освојување на палатата, Андропов наредува да бидат создадени елитни специјални сили на КГБ. Дроздов ја поддржува идејата и во 1981 година е основан одредот „Вимпел“.
Тој се специјализира за операции надвор од границите на СССР, длабоко во внатрешноста на странска територија, тајни акции, заштита на советските амбасади и интензивирање на шпионските центри во случај на војна. Јуриј Дроздов ги предводи овие специјалци.
Дроздов навистина ужива почит кај непријателите на СССР. Западните медиуми го нарекуваат „легендарниот шпион“, а англискиот писател и поранешен разузнавач Фредерик Форсит вели дека Дроздов е еден од најпознатите руски разузнавачи.
Тој учествуваше во неколку специјални операции, но поголемиот дел од информациите за неговите мисии продолжуваат да бидат тајна. Патем, познато е дека Дроздов учествувал во тајни шпионски мисии во Кина во 1964-1968 година и во САД во 1975-1979 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче