АПДЕЈТ: Во Русија се одржаа масовни антикорупциски протести

Ројтерс
Митинзи против корупцијата се одржаа во Москва и во други градови на Русија. Масовни притвори, судири со специјалните служби и барање да се позборува со луѓето – што се случи како одговор на истражувањата на граѓанските активисти за работата на премиерот на РФ.

РојтерсРојтерс

На 26 март низ цела Русија беа одржани протести против корупцијата. Најголемиот се одржа во Москва на главната улица на престолнината – Тверскаја. Според процените на МВР на него присуствувале 7-8 илјади лица, а организаторите не го соопштуваат бројот на демонстрантите.

Акцијата претставува одговор на граѓаните на молкот на властите кои не го искоментираа истражувањето на „Фондот за борба со корупцијата“ и на опозиционерот Алексеј Наваљни за премиерот Дмитриј Медведев и за наводната тајна корупциска империја во износ од 1.2 милијарди американски долари. По излегување на филмот „Фондот за борба со корупцијата испрати барање“ до Истражниот комитет со барање да се поведе кривична постапка за мито за Дмитриј Медведев и за милијардерот Алишер Усманов. Со барање за проверка за обвинувањата против Медведев во Истражниот комитет исто така се обрати и пратеникот на Државната дума од КПРФ Валериј Рашкин. 

Портпаролот на Медведев, Наталија Тимакова, не сакаше да го коментира филмот, нарекувајќи го „предизборен испад“, и изјави дека е „бесмислено да се коментираат пропагандистичките испади на опозициска и осудена личност“. Самиот Дмитриј Медведев никако не го коментираше истражувањето на ФБК и на 10 март го блокираше Наваљни на Инстаграм. Портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков изјави дека во Кремљ не се придава значење на „истражувањето“ на Наваљни. Секретарот на генералниот совет на „Единствена Русија“ Сергеј Неверов ги повика новинарите да се однесуваат критички кон резултатите од истражувањето, воздржувајќи се од банално прераскажување на „псевдооткривањето“. Неверов исто така претпостави дека кај Наваљни сè е „многу лошо“ штом за „валкани работи се фатил“.

Во истражувањето на Фондот за борба со корупцијата не се прикажани еднозначни факти, кои потврдуваат дека елитната недвижност е во сопственост на премиерот на РФ Дмитриј Медведев. Ова во програма за радиото „Ехо Москви“ го изјави заменикот на генералниот директот на Transparency International-Русија Иљја Шуманов.

Тој смета дека истражувањето заслужува внимание, но забележа дека не постои непосредна врска на Медведев со активите – таа се проследува само преку фигурата на колегата од факултет на премиерот, членот на советот на директори на „Гаспромбанк“ Иљја Елисеев, кој, како што претпоставуваат во ФБК, е номинален сопственик.

„Пријателската врска помеѓу Медведев и Елисеев не говори задолжително за тоа дека реален сопственик е Медведев. Елисеев како заменик-претседател на Гаспромбанк е самостојна фигура и може да биде реален сопственик на активите за кои се зборува во истражувањето“, вели тој. Притоа не е исклучено дека самиот Елисеев може да биде вистински сопственик на недвижностите со оглед на тоа што тој има висока функција во „Гаспромбанк“ и учествува во различни комерцијални проекти, потсетува Иљја Шуманов. Меѓу другото, тој смета дека истражувањето на ФБК заслужува внимание со оглед на тоа дека често ваквите шеми се користат од страна на корупционерите за криење на своите активи. „Прашањето поврзано со регистрацијата на земјишните парцели и други недвижни објекти на некомерцијални организации претставува извесна форма на криење на крајните бенефицијари, сопственици. И таа се практикува не само во Русија, ами и надвор од Руската Федерација“, подвлече тој во интервју за либералното опозициско радио „Ехо Москви“.

Поголемиот дел од протестите не биле најавени, меѓу кои и оној во Москва, што предизвика масовни притворања и судири со полицијата. Само во Москва се приведени околу 850 лица.

РојтерсРојтерс

Од моментот на објавувањето, филмот со наслов „Тој не ви е Димон“ на социјалните мрежи го прегледале 13 милиони лица или 9% од населението на земјата. Неколку дена пред протестите московската полиција ја симна од себе сета одговорност за она што може да се случи на недозволените настани, а четири часа пред почетокот на протестот на улицата беа поставени специјални транспортери и автобуси со единиците за брза реакција (ОМОН). Како обични шетачи демонстрантите се движеа кон Кремљ. Тие не сакаа судири, повикувајќи „да не се прават нагли движења“, остро реагираа на секоја споредба со Мајдан и не се фотографираа со ОМОН.

Што сакате?

Како ќе ги познаеме нашите?Власти се или не?“, овие прашања најчесто се слушаа во незадоволната толпа 15 минути пред почетокот на протестите. Луѓето излегуваа од метро, ги гледаа во тилот луѓето и одеа по нив, гледајќи со недоверба кон полицијата.

РојтерсРојтерс

Погледнете, ова е за корупцијата? Ние сме против“, со чудење рече една постара дама во капут, покажувајќи на полицајците кои со затегнатост гледаа на ова стихијно собирање.

Кај овој народен собир немаше никакви акции кои се стандардни за лидерите на опозицијата, кои обично ја предводат толпата, ниту мегафони, ниту јасен план за дејствување. Да се движат или да стојат, да чекаат некого или не – никој не знаеше.

Многумина гледа на директните вклучувања од други точки на Тверскаја. „Ене на Пушкинскиот плоштад фатија едно момче, стоело со плакат 'Корупцијата убива', гласно им раскажува еден маж на луѓето околу себе, држејќи селфи-стап со голем смартфон. Набргу се собраа околу него, сметајќи дека има најмногу информации. Од свои пресметки еден човек од толпата почна да раскажува дека 500 луѓе во марица не можат да влезат.

Што сакаме? Сакаме да се бориме или што?“, заинтересирано праша едно момче-интелектуалец.

Ние сме едно – разговорот со властите е прекинат. Сакаме промени. Не ветувања. Прво за што сме дојдени е оставка на владата, не само на Медведев“.

Од другата страна се слушна барање веднаш да се определи „дали е Крим наш или не е“, но иницијативата беше брзо згасната, со предлог тие работи да се остават за потоа, зашто сега тоа не е важно.

РојтерсРојтерс

Во толпата стоеше маж со мајка си пензионерка и молкум слушаше.

Сите ние бараме одговор на филмот што го пушти Наваљни. Медиумите молчеа, власта молчи, како ништо да не се случило. А, тоа многу е вистинито. Зошто тие ништо не негираа, зошто не го дадоа Наваљни на суд за клевета ако е тоа лага?“, ми рече човек кој се претстави како инженер-еколог Олег. „Моите родители работат, иако се во пензија. Зашто пензијата не им е доволна ни за храна. Власта ни предлага да трпиме, па нека објасни за што? Нека објаснат барем нешто.

Во тој момент во толпата се слушна повик „Одиме!“ и луѓето покрај полицијата почнуваат смело да се движат кон Кремљ. Олег со мајка си, без размислување, исто така тргнува.

- Не се плашите од судири сега?, прашувам јас.

- Доста беше плашење, се изморивме од плашење. Треба нешто да се преземе.

Ќе се жртвуваме за идејата

На Пушкинскиот плоштад, некаде 2.5 километри од Кремљ, толпата е толку голема што тешко се движи по тротоарот: да се излезе на улица не дозволува полицискиот кордон. Движењето на автомобилите е делумно парализирано, возачите им свират на демонстрантите. На небото патролира хеликоптер. Преку мегафон на луѓето им предлагаат да одат со метро во паркот Сокољники, на крајот од Москва (градските власти ја предложија оваа локација за протестите, но организаторите одбија). Но, никој, се чини, не го послуша овој совет.

РојтерсРојтерс

Дечки, ова е замка!“, извика едно момче. Но, никаква замка немаше. Едноставно имаше многу луѓе. Заедно со полицијата нè надгледуваат и редарите, кои се задолжени за редот на митингот. Дознаваме дека тие имаат инструкции „во случај на нешто“, но која е нивната основа не сакаа да ни кажат и ни рекоа да се тргнеме некаде настрана.

Во толпата има многу студенти и голем дел од нив уверуваат дека не се тука за Наваљни, „ами за идеја“. Во тој момент на телефонот се појавува порака дека Наваљни е уапсен. Демонстрантите на патот превртуваат автомобил пред автобусот со уапсениот политичар за да не го одведат, па ОМОН применија пендреци. Оваа вест брзо се проширува.

Дојдов за да добијам каква било реакција, зашто тие ништо не кажуваат. Искрено, тоа многу фрустрира, луѓето плаќаат даноци, а со даноците тие (властите) живеат, во најмала рака, предизвикувачки“, вели студентот Константин од Вишата школа за економија.

Ројтерс
Ројтерс
Ројтерс
Ројтерс
 
1/4
 

Уште двајца студенти пцујат и почнуваат да снимаат како на спротивната страна ОМОН носи некој за нозе и за раце во марица.

- Зошто сте вие тука?.

- Тука сме како и другите, за да добиеме одговор. Ова е наш прв протест, дојдовме откако видовме на социјалните мрежи. Ако не добиеме одговор, повторно ќе дојдеме.

- А, ако одговорот не ви се допадне? – прашувам јас.

- Не знаеме... не сме размислувале за тоа. Едноставно е супер што сиве овие луѓе не останале дома. Одамна вакво нешто немало.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња