Средбата Путин-Еродоган: економијата пред политиката

Putin Erdogan

Putin Erdogan

Константин Заваржин / РГ
На преговорите во Петербург меѓу претседателите на Русија и Турција, според оценката на експертите се постигнати импресивни резултати за економски прашања. Во исто време аналитичарите предупредуваат дека во голема мера односите меѓу Москва и Анкара зависат од тоа дали ќе најдат решенија за политичките проблеми и пред сé за сирискиот прашање.

Личната средба на Владимир Путин и Реџеп Ердоган – прва по ноември минатата година, откако турските военовоздухопловни сили го соборија рускиот борбен авион, се одржа во Санкт Петербург на 9 август. Аналитичарите, кои предвидуваа по овие преговори да има сериозен напредок во економските прашања меѓу Турција и Русија, имаа право.

На прес-конференцијата по средбата двајцата водачи рекоа дека е постигнат напредок по двата најзначајни руско-турски проекти во областа на енергетиката: изградбата на нуклеарната централа Акјују од стрна на руски специјалисти и спроведување на гасоводот Турски тек по дното на Црното Море. Според Ердоган и двата проекта ќе бидат обновени и доведени до логички завршеток. Како што истакна Путин, станува збор за десетици милијарди долари.

Експертите се изненадени од преговорите

Изградбата на Турски тек е од огромен интерес за Русија. На него се гледа како на можна алтернатива на украинскиот маршрута за транзит на руски гас во Европа. Сега преговорите се водат за две од првично договорените вкупно четири линии на нафтоводот - за снабдување на гас само на Турција, а не на европските земји.

Покрај тоа Путин соопшти дека руската страна има намера постепено да ги укине претходно воведените ограничувања на активностите на турските компании во Русија. Тој даде на знаење дека наскоро ќе бидат обновени чартер-летови кон Турција, за што е крајно заинтересиран турскиот бизнис.

Според Елена Супонина, советник на директорот на Рускиот институт за стратешки студии, сето тоа сведочи дека „закрепнувањето на економските односи оди дури со побрзо темпо отколку што мислевме дека е можно во вакви услови“.

Трговско-економските односи меѓу Русија и Турција излегоа на прв план, бидејќи и за двете страни е полесно да ги обноват врските во оваа област, изјави за „Руска реч на македонски“ Владимир Сотников од Институтот за ориенталистика при Руската академија на науките.

„Без илузии и романтика“

Во исто време, експертите обрнаа внимание на фактот дека обновувањето на односите може да потрае подолго време. Како што забележува Виктор Надеин-Раневски од Институтот за светска економија и меѓународни односи при РАН, само во градежната сфера турската страна претрпе загуби во износ од 40-45 милијарди американски долари, од кои голем дел не би можеле да бидат вратени.

Покрај тоа воопшто не е сигурно кога и дали ќе биде достигнато нивото на односите помеѓу Москва и Анкара од периодот пред ноември 2015 година. Како што забележува Владимир Аватков, турколог, директор на Центарот за ориенталистички истражувања, меѓународни односи и јавна дипломатија, по инцидентот со авионот во руско-турските односи, од страна на Москва, веќе нема да ги има претходните „илузии и романтика“, а што се однесува до политиката на Анкара ќе има јасно истакнување на сопствените интереси.

Противречности за Сирија

За разлика од економските односи, дискутирањето на политичките проблеми меѓу Русија и Турција се одвива не многу едноставно. Индикативно е тоа што темата за Сирија беше ставена надвор од заградите во јавниата комуникација - нејзиното разгледување се одржи по прес-конференцијата на двајцата лидери. Како што велат експертите, Москва би сакала Турција да ја затвори турско-сириската граница, за да не можат сириските исламисти да добиваат поддршка од турска територија. Аналитичарите веруваат дека за да има напредок на ова прашање од страна на Турција ќе биде неизмерно тешко, но и покрај тоа заеднички точки може да се најдат.

Покрај разгледувањето на сириските проблеми, Путин и Ердоган треба да најдат определени механизми во областа на безбедноста, кои би го направиле невозможно повторувањето на ноемвриските настани, посочува Аватков. Според него од тоа каква одлука ќе биде донесена во врска со ова прашање зависи и иднината на руско-турските односи.

Мислење на турски експерт: позитивна атмосфера на преговорите

Керим Хас, експерт за евроазиска политика на Меѓународниот тинк-тенк за стратешки развој во Анкара

Најважниот резултат од средбата е тоа што двете страни почнаа повторно да разговараат за прашањата за безбедноста. И второ - важните настани во продолжувањето на економската соработка.

Трето - најважно е дека со нормализацијата на односите двете страни ќе посветат повеќе внимание и ќе вложуваат повеќе заеднички напори за обезбедување на регионалната безбедност. Тоа е соработка за прашањата за решавање на сириската криза и прашањето за безбедноста на Црноморскиот Регион.

Четврто - важни одлуки во енергетиката. Очигледно е дека преговорите за Турски тек се одвиваат.

Конечно, важно е дека преговорите се одвиваа во позитивна атмосфера.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња