Авионот на компанијата Fly Dubai падна рано утрото на 19 март при слетување на аеродромот во Ростов на Дон, на југот на Русија. Како една од причините за трагедијата експертите ги наведуваат лошите временски услови. Во авионот кој летал од Дубаи, според првичните податоци имало 55 патници и седуммина членови на екипажот. Најголемиот дел од патниците се државјани на Русија. Исто така имало и неколкумина странци: шестмина членови на екипажот и петмина патници, меѓу кои имало и државјани на Украина, на Узбекистан и на Индија, Како што соопштува радио Комерсант, командантот на екупажот бил државјанин на Грција.
Исто така е познато дека меѓу загинатите е и еден пратеник на регионалниот ростовски парламент и неговата сопруга
Сочувство на роднините на загинатите во авионската несреќа во Ростов на Дон изрази претседателот на Русија Владимир Путин. Тој нареди да се преземе сè што е потребно за нивните семејства, изјави портпаролот на првиот човек на државата Дмитриј Песков.
Веднаш по трагедијата на Интернет се појави видео од камерата за видеонадзор, која наводно го снимила моментот на падот на авионот.
Според информациите од медиумите, авионот паднал околу 3 часот и 40 минути наутро по московско време при вториот обид за слетување. Тој паднал на 250 метри од пистата.
Како што стана познато, полетувањето од Дубаи било одложено за половина час. Летот од главниот град на ОАЕ траел час и половина, а потоа авионот повеќе од два часа кружел над аеродромот. Според губернаторот на Ростовската област Василиј Голубев, основна причина за несреќата според специјалистите се тешките метеоролошки усови. Според информациите од медиумите, во градот бил0н дадено предупредување за бура, а максималната брзина на ветрот во моментот на трагедијата можела да изнесува 22 метри во секунда. Во исто време Истражниот комитет на Русија покрена обвинение занарушување на правилата на безбедност на летовите. Во надлежниот ресор изјавија дека за истрагата е создадена засилена истражна група, во која се вклучени не помалку од 50 искусни соработници на централата на Истражниот комитет на Русија.
Според податоците од 9 часот и 30 минути според московско време, црните кутии засега не се пронајдени. На местото на падир работи група спасувачи на Министерството за вонредни состојби составена од 700 лица со 90 технички единици. Аеродромот во Ростов на Дон е привремено затворен.
Како што известуваат медиумите, авионот Боинг-737-800 што се урна утринава, бил во експлоатација на авиокомпанијата на ОАЕ нешто повеќе од пет години. Fly Dubai е неговиот прв и единствен експоататор. Компанијата, пак, е основана во 2008 година. Во нејзиниот парк има повеќе од 50 авиони Боинг-737-800. Ова е прва авионска несреќа во историјата на оваа авионска компанија.
По авионската несреќа, компанијата привремено ја стопираше продажбата на билети, а нејзиниот сајт стана црно-бел.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче