Лондон повторно ја политизира смртта на Литвиненко

Александар Литвиненко.

Александар Литвиненко.

AP
Министерот за надворешни работи на РФ и властите во Русија сметаат дека извештајот на британскиот суд за смртта на поранешниот офицер на Федералната служба за безбедност на Русија Александар Литвиненко не е објективен и дека во текот на судската истрага Лондон не ја испочитувал пресумпцијата на невиност. Руската Федерација нема намера да ги предаде лицата што Велика Британија ги обвинува за ова убиство.

Москва не се сложува со заклучоците на британскиот суд во врска со смртта на поранешниот офицер на Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ) Александар Литвиненко. Ова го соопштува РИА Новости, повикувајќи се на „добро запознаени извори“ во структурите на власта.

„Руската страна ги има сите основи да изјави дека не прифаќа никаква пресуда“, изјавува анонимниот извор. Тој истакнува дека официјалната реакција на Москва е таква зашто Британците во својот судски процес не се придржувале на пресумпцијата на невиност.

„Како што може да се заклучи од информациите што се појавија во медиумите, заклучоците од 'јавната истрага' се изведени врз основа на prima facie докази, односно оние што се чинат дека се веродостојни и доволни за придвижување за отпочнување судска постапка, а исто така се 'доволни во отсуство на спротивни докази', ги пренесува агенцијата зборовите на анонимниот извор.

Министерството за надворешни работи на РФ исто така смета дека извештајот е исполитизиран и изразува жалење што на овој начин се помрачени односите помеѓу Москва и Лондон. „Секако ни е потребно време за детално да ја проучиме содржината на овој документ, по што ќе дадеме поширока оценка“, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на РФ Марија Захарова.

Што се вели во извештајот?

Во четвртокот на 21 октомври во Лондон беше претставен извештајот на судијата на лондонскиот Висок суд Роберт Овен за резултатите од јавната истрага. Од извештајот произлегува дека убиството на поранешниот офицер на Федералната служба за безбедност Александар Литвиненко кој почина на 23 ноември 2006 година, се бизнисменот Дмитриј Ковтун и поранешниот агент на ФСБ, а сега пратеник во Државната дума на РФ Андреј Луговој.

Судот тврди дека тие на Литвиненко му ставиле во чајот смртоносна доза радиоактивен изотоп на полониум 210 за време на средбата што ја имале со него во лондонскиот хотел Милениум на 1 ноември 2006 година.

Пратеникот Луговој веќе изјави дека обвиненијата против него се „апсурдни“. Според него, изнесените резултати од истрагата и целата „афера околу полониумот“ е само начин на кој Лондон се обидува да ги реализира своите политички интереси, а вистинската причина за смртта на Литвиненко тие не сакаат да ја утврдат.

„Настаните што следуваа во 2014 година поврзани со Украина, антируската хистерија и истовременото обновување на истрагата за случајот ‘Литвиненко', и покрај тоа што ова досие го носеше печатот на државна тајна, лично мене ми делува како мизерен обид на Лондон да го искористи 'костурот во шкафот' поради своите политички амбиции“, вели Луговој во интервју за агенцијата Интерфакс.

Извори од правосудните органи за агенцијата соопштуваат дека Луговој и Ковтун нема да сносат никакви правни последици поради споменатата судска истрага. Уставот на РФ пропишува дека Русија не врши екстрадиција на своите државјани.

Во извештајот исто така се зборува за тоа дека операцијата за ликвидација на Александар Литвиненко „веројатно ја одобриле Владимир Путин и шефот на ФСБ Николај Патрушев“.

Но, не се споменува зошто било потребно да се убие Литвиненко. Британскиот весник Гардијан, повикувајќи се на материјалите од овој судски процес, пишува дека Литвиненко во последните месеци од животот подготвувал серија извештаи за британската разузнавачка служба со материјали кои се компромитирачки за високите функционери блиски на рускиот претседател.

На пример, се тврди дека овие материјал содржат обвиненија против шефот на Федералната служба на РФ за контрола на трговијата со наркотици Виктор Иванов, кој наводно имал некаква врска со криминалци.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња