Самитот на НАТО во Турција: Русија сè уште е закана

Извор: AP

Извор: AP

Посетата на државниот секретар на САД Џон Кери на Русија на 12 мај, даде определени надежи на скоро подобрување на односите помеѓу РФ и Западот. Сепак самитот на НАТО кој минатата недела се одржа во Турција покажа дека ваквите очекувања се избрзани.

Односите со Русија беше една од темите на средбата на шефовите на дипломатиите на земјите на НАТО што се одржа на 13 и на 14 мај во Анталија. Руските власти и експерти не видоа каква и да е промена во реториката на претставниците на алијансата во однос на Москва, која нагло се заостри минатата година на фонот на украинската криза. 

Закана од Исток 

Оценувајќи ја средбата во Анталија, постојаниот руски претставник во НАТО Александар Грушко на 15 мај за време на видеомостот „Москва-Брисел“ изјави дека алијансата последователно ги исполнува одлуките од минатогодишниот самит во Велс поврзани со „парирањето на заканите од Истокот“, односно од страна на Русија. За ова алијансата, според Грушко, го зголемува воениот потенцијал и „ја поставува сета воена машинерија на НАТО на источната периферија“. 

На самитот на НАТО во Њупорт (Јужен Велс) во септември 2014 година беше донесена одлука за формирање сили за брзо реагирање со неколку илјади војници, кои би можеле да ги заземат позициите во рок од 48 час. За обезбедување на вакви сили во земјите на алијансата што се граничат со Русија се создаваат складишта со муниција и со специјални командни единици, а исто така се спроведуваат и постојани воени вежби. 

Замрзната соработка 

Лавров: ИДИЛ е главниот непријател на Русија
Русија смета дека терористичката организација „Исламска држава“ е нејзин главен непријател, изјави првиот човек на руската дипломатија Сергеј Лавров во интервју за три руски радиостаници. Тој исто така рече дека Москва имала големи очекувања од претседателот на САД Барак Обама, но дека по неговиот избор следувала цела низа војни.

На средбата во Анталија генералниот секретар на НАТО Јенс Столенберг неколку пати потврди дека овие планови се реализираат. Притоа генералниот секретар изјави дека алијансата нема намера да ја обнови соработката со Русија дури и во делот на борбата со екстремистите од радикалната група Исламска држава. Според него, одлуката на НАТО за запирање на сета практична соработка со РФ донесена минатата година засега останува неизменета. Во исто време тој забележа дека „останува простор за политички дијалог“. Сепак, според Грушко, овој „простор“ – контактите со амбасадорите не земјите од НАТО во Брисел – „не може да се смета за задоволителен“, со оглед на тоа дека „без практична соработка ќе исчезне политичката мотивација за дијалог“.

Основниот акт е под закана? 

Грушко исто така изјави дека реализацијата на одлуката донесена во Велс и воените вежби што во последно време се одржуваат во Источна Европа, чиј интензитет порасна за неколкупати, претставуваат „сериозна закана за сите обврски што своевремено ги презедовме, меѓу другото и за обврската на Основниот акт Русија-НАТО“. 

Овој акт беше склучен во Париз 1997 година и претставува главен документ што ги поставува односите помеѓу Москва и алијансата. Според него, НАТО има преземено обврска да не поставува војска на границата со Русија на постојана основа. Во НАТО одрекуваат дека дејствијата на алијансата се во спротивност со документот, забележувајќи дека војската во Источна Европа е поставена на ротациска основа. 

Како што соопштуваат медиумите, од минатата година во балтичките земји се поставени единици со војници на САД – по 150 војници. Подоцна таму се појави и тешка техника. Во исто време неодамна балтичките земји побараа од НАТО кај нив да постави бригада на алијансата (неколку илјади војници) на постојана основа. На средбата во Анталија Столенберг фактички не сакаше да ја коментира оваа иницијатива. 

Според Алексеј Фененко, водечки научен соработник на Институтот за проблеми со меѓународната безбедност при Руската академија на науките, средбата во Турција и плановите на алијансата за засилување на военото присуство во Источна Европа што беа потврдени можат да сведочат за тоа дека наскоро може да започне „активен бран преговори со Русија за трансформација на Основниот акт“. Целта на преговорите би била да се озакони присуството на војската на НАТО во близина на руските граници на постојана основа. 

Во исто време, Михаил Александров, водечки експерт на Центарот за воено-политички истражувања при Московскиот државен институт за меѓународни односи, смета дека обидите за повторно разгледување на документот и за поставување на војска на балтичкиот дел кои нема да бидат на ротациска основа негативно ќе влијаат на имиџот на алијансата со оглед на тоа дека тие ќе станат „демонстрација на непријателски намери од кои тешко ќе можеме да се ослободиме“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња