Нема брз напредок за иранскиот нуклеарен проблем

Министерот за надворешни работи на Иран Мухамед Џавад Зариф и шефицата на Европската Унија за надворешна политика Кетрин Ештон го оценија договорот кој во преговорите за нуклеарното прашање беше постигнат помеѓу Иран и групата 5+1 како „важен и конструктивен“. Извор: АР

Министерот за надворешни работи на Иран Мухамед Џавад Зариф и шефицата на Европската Унија за надворешна политика Кетрин Ештон го оценија договорот кој во преговорите за нуклеарното прашање беше постигнат помеѓу Иран и групата 5+1 како „важен и конструктивен“. Извор: АР

Во Женева заврши уште една рунда преговори за иранскиот нуклеарен проблем со учество на „шесттемина“ посредници и делегацијата на Иран. Формалниот резултат од средбата се состои во тоа што нова рунда преговори ќе се одржи практично без одложување, односно по само неколку недели, додека суштински напредок претставува фактот што Иран понуди нов план за решавање на проблемот.

Министерот за надворешни работи на Иран Мухамед Џавад Зариф и останатите членови на иранската делегација на почетокот од преговорите цел час го изложуваа планот во три етапи кој ќе овозможи долготрајната нуклеарна конфронтација да се регулира „за една година“, а можеби и порано. Да потсетиме дека американскиот државен секретар Џим Кери во очи на преговорите ја спомена можноста проблемот да биде решен за 3-6 месеци.

Детали од планот не се објавени, но е сосема јасно што Русија, САД, Кина, Велика Британија, Франција и Германија сакаат од Иран. Заменик-министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков пред почетокот на преговорите изјави: „Раководството на земјата (Иран) во повеќе наврати водеше преговори, меѓу другото и на највисоко државно ниво, и тврдеше дека примената на нуклеарно оружје е неприфатливо. Но, меѓународната заедница и понатаму има отворени прашања. Колку побргу државниот врв на Иран ќе донесе одлуки кои ја расчистуваат таа загриженост, толку помалку ќе има основи за прашањето дали денес Иран е определен за војна или за мир“.

Станува збор за транспарентноста на иранската нуклеарна програма и за методите за проверка на мирољубивиот карактер.

Иран во Женева изрази подготвеност да ги „затвори“ отворените прашања. Водечкиот преговарал за нуклеарни прашања Абас Аракчи по првиот ден од женевските преговори соопшти дека Техеран е подготвен да го прошири овластувањето на инспекторите на Он кога станува збор за пристапот до иранските нуклеарни објекти. Како што соопштува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на извори од иранската делегација, планот што во Женева им е понуден на „шесттемина“ предвидува две етапи на преземање мерки за зајакнување на довербата. Првата етапа ќе трае од 3 до 6 месеци и во неа Техеран ќе запре со збогатувањето на ураниум за 20%. Освен тоа, Иран е подготвен да даде подетални информации за реакторот со тешка вода во Арак. „Втората етапа овозможува да се намали обемот на работа за збогатување на ураниум и на бројот на центрифуги кои се поставени во иранските постројки. Оваа етапа, според иранскиот предлог, може да трае до една година.

Иранците поверуваа во еуфоричното расположение поврзано за можниот напредок во преговорите по високата оценка што на Запад ја доби новиот претседател на Иран Роухани и забележливото затоплување во односите помеѓу Вашингтон и Техеран.

Ова е мошне важна постапка и очигледен чекор напред. Официјалната иранска новинска агенција ИРНА соопшти дека предлогот на Иран не подразбира пристапување кон Протокол со Спогодба за неширење нуклеарно оружје, кој предвидува можност за ненадејни контроли во кој било објект, што е крајна мерка, мошне пожелна, но и мошне чувствителна за Иран, со оглед дека земјата има и други воени програми кои не се нуклеарни, но кои се мошне сериозни.

Следната рунда преговори ќе покаже дали за Иран е суштински важно пристапувањето кон Протокол, или е тоа таканаречена „горна цифра“, околу која страните во преговорите можат да се пазарат.

Но, веќе сега е очигледно дека Иранците поверуваа во еуфоричното расположение поврзано за можниот напредок во преговорите по високата оценка што на Запад ја доби новиот претседател на Иран Роухани и забележливото затоплување во односите помеѓу Вашингтон и Техеран. Сега еуфоријата ја замени разочарување.

Зборувајќи пред новинарите во Женева, Абас Аракчи изрази двоумење по повод изјавата на претставникот на ЕУ Мајкл Ман во која тој нагласи дека Техеран треба да го направи првиот чекор и да ги исполни своите меѓународни обврски. „Господин Ман зборуваше за позитивната атмосфера во преговорите, но неговите зборови предизвикуваат разочарување. Ако почувствуваме дека во оваа етапа постои извесен баланс и дека двете страни можат да направат чекор напред, тогаш можеме да кажеме дека во текот на преговорите е постигнат напредок. Но, тој чекор засега не е направен од двете страни“, ја прекори ЕУ иранскиот дипломат.

Иранците сфаќаат дека и понатаму никој не ги третира како „добри момчиња“, и дека од нив се бара да ги „превртат џебовите“, а тие, по сè изгледа, сакаат да бидат рамноправни. „Иран е регионална сила. Тоа е факт и тој едноставно сака сите така да го третираат“, нагласува Сергеј Серјогевич, експерт од Институтот за проучување на Блискиот Исток (Москва).

Позицијата на Иран позицијата на 'шесттемина' се со километри далеку една од друга, а се приближуваат една кон друга чекор по чекор.

Сергеј Рјабков, заменик-министер за надворешни работи на РФ

Тоа, меѓутоа, не е едноставна задача. Како што истакнува Антон Хлопков, член на експертската група за проблеми во меѓународната безбедност при Советот за безбедност на Русија, кризата околу Иран има долга историја и не е поврзана само за неговата нуклеарна програма, туку и за иранско-американските односи во целина. „Изјавите на Иран сведочат дека тој е подготвен на компромиси, но на сите ќе им биде потребна трпеливост. Потребни се многу месеци за да се врати довербата која е изгубена за време на непријателството кое трае повеќе од три децении“, нагласува експертот.

Слични мислења можат да се слушнат и од руските дипломати. „Позицијата на Иран позицијата на 'шесттемина' се со километри далеку една од друга, а се приближуваат една кон друга чекор по чекор“, вака од своја страна го оценува текот на преговорите Сергеј Рјабков, заменик-министер за надворешни работи на РФ.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.