Екс-претседател на СССР Михаил Горбачов. Извор: AP.
Ако веруваме дека човекот не може да влијае на текот на историските настани, тогаш нема смисла да се учествува во политичката активност.
Михаил Горбачов
Предавањето на првиот и единствен претседател на СССР, која беше организирана од страна на агенцијата РИА Новости, беше посветена на темата „Човекот ја прави историјата или историјата го прави човекот?“.
„Историјата не е фатална“, ѝ рече Горбачов на публиката, која во основа беше составена од студенти од факултетите. „Ако веруваме дека човекот не може да влијае на текот на историските настани, тогаш нема смисла да се учествува во политичката активност“, подвлече тој.
Поранешниот претседател на СССР ја прокоментира и актуелната политичка ситуација во Русија.
На власта ѝ успеа определено време да го прекине бранот протести, но проблемите остануваат и, доколку ништо не се измени, руската јавност одново ќе преземе акција за премин кон реална демократија, прогнозираше Горбачов.
„Вториот претседателски мандат на Владимир Путин отвори можности за реализација на нова стратегија, но власта тргна по друг пат. Сè остана како што беше и за време на претседателствувањето на Медведев“, рече Горбачов.
Како резултат на тоа, смета тој, денес политиката сè повеќе станува имитација, економијата „се крепи“ на нафтената и на гасната игла, а малиот бизнис се соочува со огромни бариери. Освен тоа, голема загриженост предизвикува состојбата во образованието, здравството и во науката, додаде политичарот.
Но, Горбачов е уверен дека „нема да има враќање кон минатото“, зашто предупредува: „Владимир Путин и другите што сметаат дека е можно враќање кон старите методи, влевање страв и управување си заплашувања, треба да сфатат дека такво нешто нема да се случи“.
Предлагајќи ѝ на власта да премина кон нова перестројка, Горбачов забележа дека денешната власт сака само да ја задржат власта, фаќајќи ја со заби и со што и да е друго“.
Михаил Сергеевич веќе беше иницијатор на една перестројка. Како резултат на таа перестројка ние ја изгубивме земјата.
Сергеј Неверов
Спротивставувањето на ваквата состојба е можно само со обединување на силите на јавноста, чија задача ќе биде „да се исклучи расколот на леви, десни и други и да не се допушти борба помеѓу нив“.
Претставниците на владејачката елита со скепса гледаат на предлогот на поранешниот лидер на СССР. „Сакаме да се надеваме дека повеќе ќе немаме перестројки. Ги имавме доволно“, изјави порт-паролот на претседателот Владимир Путин Дмитриј Песков. „Михаил Сергеевич (Горбачов – заб. прев.) веќе беше иницијатор на една перестројка. Како резултат на таа перестројка ние ја изгубивме земјата“, смета секретарот на генералниот совет на „Единаја Росија“ Сергеј Неверов.
Според материјалите на РИА Новости и на Комерсант.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче