Население: нѐ има повеќе

Извор: ИТАР-ТАСС.

Извор: ИТАР-ТАСС.

Природниот прираст на населението во Русија за 10 месеци во 2012 година изнесува 790 жители. Може да се каже дека тоа е мизерна бројка, но, сепак, имаме причина да се гордееме. Позитивен природен прираст не е забележан уште од 1991 година.

Природниот прираст на населението во Русија за 10 месеци во 2012 година изнесува 790 жители. Ако не се случи крај на светот или некои други страшни катаклизми, ќе бидеме во плус во конечниот биланс за 2012 година. Барем така вети министерот за труд и социјална заштита, Максим Топилин. Тој веројатно добива известување уште колку трудници треба да се породат до крајот на годината. 

Може да се каже дека тоа е мизерна бројка, но, сепак, имаме причина да се гордееме. Позитивен природен прираст не е забележан уште од 1991 година. Според прогнозите на УН за населението, руските жители треба да бидат сè помал. Во 2011 година негативниот природен прираст изнесуваше 127 илјади жители. Ако бројот на жители во Русија расте, тогаш тоа е само поради имигрантите (легални и нелегални).

Бројот на самоубиства е намален за 3%, а бројот на смртни случаи поради труење со алкохол е намален за 19%.

Статистиката сведочи дека за позитивниот природен прираст не е заслужен само некој конкретен регион – заслужна е целата земја. Наталитетот е опаднат само во три региона (а во 2011 година тоа беше случај во 43 региона), додека во огромен број од регионите е намален бројот на умрени, и тоа не само од болест како последица туку и поради сопствена глупавост: бројот на самоубиства е намален за 3%, а бројот на смртни случаи поради труење со алкохол е намален за 19%.

Бројките го демантираат и мислењето дека нас нè има сè повеќе благодарение на кавкаските републики. Според растечката стапка на наталитетот, водечки места заземаат Московската, Свердловската и Тјуменската област, како и Краснодарскиот крај.

Според показателите за нашиот природен прираст за 2012 година, ним им претходеше пад на наталитетот на ниска точка. Тоа беше во 1999 година, кога е забележана минимална стапка на наталитет од 1,2 милиона жители. Потоа тој показател постепено растеше, и со тек на време достигна речиси 1,6 милиони жители. 

Со одредени тенденции се боревме уште во советско време. На пример, во 1964 година Советскиот Сојуз изби меѓу првите неколку земји по бројот на абортуси, кои тогаш беа 5,6 милиони. Дури и во 1990 година на 100 породувања имаше 206 абортуси, а во 2011 година само 55. Важна година беше 2007: тогаш за првпат бројот на породувања беше поголем од бројот на абортуси.

Порано мајките своето прво дете го раѓаа на 20–25 години, а сега го раѓаат по 25-тата година. Да не е тоа, демографскиот бран од осумдесеттите одамна ќе стивнеше.

На растот на наталитетот влијаат и специфични демографски фактори.

„Децата родени во средината и крајот на 1980-тите години веќе се во генеративен период, а во 1980-тите се родија многу деца“, ја објаснува состојбата Иван Белобородов, директор на Институтот за демографски истражувања. „Покрај тоа, се измени и ‘календарот на наталитетот’, т. е. луѓето повозрасни стануваат родители. Порано мајките своето прво дете го раѓаа на 20–25 години, а сега го раѓаат по 25-тата година. Да не е тоа, демографскиот бран од ’80-тите одамна ќе стивнеше.

Од друга страна, пак, демографите предупредуваат дека не е доволно да се достигне само позитивен прираст на населението, туку и дека треба да се одржува. А тука не се доволни мерките што државата веќе ги презема. Тоа е како Алиса во Земјата зад огледалото, каде што оној што сака да стои во место мора да трча напред. На тој начин стимулансите на државата (мајчинската помош и породилниот сертификат) во голема мера се веќе исцрпени.

„Семејствата го намалија активниот период за репродукција поради можноста да добијат материјална помош, т. е. ги реализираа своите планови порано одошто тоа би го направиле кога не би постоела помош, според принципот ’железото се кове додека е жешко‘“, предупредува Белобородов.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња