Извор: ИТАР-ТАСС.
На почетокот на февруари во архиерејскиот собор на Руската православна црква со програмска реч настапи патријархот Московски и на цела Русија Кирил. Тој ги одрече обвинувањата за сраснување на државата со црквата, иако и претходно даде на знаење дека би бил срежен доколку се случи зближување во рамките на „црковно-државното партнерство“. Тој на сето духовенство му препорача да се бори против Интернет-кампањата насочена против црквата што ја организираа неименувани сили, со што ќе продолжи дејноста за враќање на сопственоста на црквата, која беше одземена за време на советскиот период.
„Блоговите, социјалните мрежи – сето ова дава нови можности за христијанското сведоштво, - рече патријархот Кирил. –Да не се присуствува таму, значи да се потврди беспомошноста и негрижата за спас на нашите браќа“.
Патријархот Кирил зборуваше пред 290-члениот архиерејски собор (највисок орган на црковното управување на РПЦ; во него влегуваат епархиски и викарни архиереи, раководители на епархии во регионите и во другите земји). Значителен дел од речта (рефератот на патријархот ја определува понатамошната стратегија на црковното управување) беше посветена на „низа тенденциозни и клеветнички кампањи“ против црквата, со кои РПЦ се судрува во последно време. Да потсетиме дека минатата година за православната црква беше во голема мера скандалозна. Најсериозниот конфликт беше поврзан со акцијата Пуси Рајот во храмот на Христос Спасителот. Таа ја вовлече РПЦ во конфликт, кој го подели општеството на нејзини приврзаници и на нејзини противници. Патријархот Кирил овој инцидент го прокоментира на следниов начин: „Сквернавењето не може да се оправда со повикување на правата на уметникот“. Притоа тој напомна дека власта треба да ги штити како световните, така и религиозните симболи, а црквата секогаш барала да се покаже милосрдие кон осудените, „простувањето да биде проследено со покајание“.
„Антицрковната пропаганда“ патријархот ја објасни со желбата „да се натера црквата да замолчи“. Тој директно не ги прозва нарачателите на кампањата, но го повика свештенството активно да ѝ се спротивстави, меѓу другото и на Интернет. „Блоговите, социјалните мрежи – сето ова дава нови можности за христијанското сведоштво, - рече патријархот Кирил. –Да не се присуствува таму, значи да се потврди беспомошноста и негрижата за спас на нашите браќа“. Во исто време патријархот ги предупреди свештениците да не навлегуваат премногу во виртуелни проповеди, а исто така и ги етикетираше свештениците кои истапуваат со „неправедни обвинувања“ на адреса на РПЦ. „Полошо од самиот грев може да биде само оправдувањето на гревот“, - го искажа своето мислење за овие критики патријархот.
На архиерејскиот собор беше отворена и темата за односите со власта. Патријархот претходно ги отфрли обвинувањата за сраснување на државата со црквата и во саботата изјави дека црквата „не служи и никогаш нема да служи на ничии интереси“. Претходно на средба на членови на соборот со претседателот Владимир Путин патријархот ги определи механизмот на односите со властите како „црковно-државно партнерство“. Притоа господинот Путин ја поддржа РПЦ, откажувајќи се од вулгарното сфаќање на секуларизмот. Патријархот Кирил исто така ги увери членовите на соборот дека црквата продолжува да се бори за враќање на сопственоста што ѝ беше одземена во советските години.
Оригинална статија на руски јазик - во весникот „Комерсант“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче