Кризата наметнува штедење. Постојат сигнали дека граѓаните трошат помалку отколку што прогнозираа аналитичарите. Во ваква ситуација и најхрабрите набљудувачи очекуваат дека социјалните протести ќе се зајакнат, дури кога благосостојбата на населението достигнува не помалку од две третини од пред кризната 2013 година. Потенцијалот на трпението продолжува да биде огромен. Како и подготвеноста на населението да се приспособува и да се стега.
Меѓу ножици се става истиот оној „човечки капитал“ од кој во современиот свет зависи развојот. Особено опасно во една ваква ситуација, дури и не само по себе“, е „стегањето на социјалната држава“ без создавање нови можности за луѓето да преживеат и да заработуваат за сметка на сопственото претприемаштво, ами она што се создава на фонот на разузданиот пир за време на чумата на некои особено зближени. Во историјата не постојат случаи вакво нешто да се одвива долго време и без какви било последици. Друга работа е што во нашиов случај е тешко да се предвиди колку долго ќе трае овој период.
Руската специфика се состои во тоа што истовремено се случува пораст на разни давачки кои може условно да се наречат индиректни даноци. Ова е историски традиционален модел на однесување на руската држава – на секоја криза да се одговара со засилување на фискалниот гнет.
Прекинувањето на врските со надворешниот свет се гледа, од една страна, како начин за „заштеда на девизите“. Од замената на увозот, наместо кој, да кажеме, азиските земји во свое време предлагаа имено извозна ориентираност до прекинување на странскиот туризам.
Од друга страна, постепеното „затворање на земјата“ цели кон минимизирање на „влијанието“ на Западот. Со исправка, се разбира, со оглед на можностите на современите средства за информирање. Разликата од советското време се огледа во тоа што „ѕидовите“ стануваат природни и поцврсти, особено кога станува збор за мозоците.
Непријателскиот или сосема недоверливиот однос кон западот на чело со Америка веќе има широка масовна „природна“ поддршка, и сето тоа се случува однатре. Притоа, за разлика од советските времиња, на овој Запад не постојат никакви „прогресивни мирољубиви сили“ – сето тоа е едно тешко и развратно „ѓубриште“, кое подмолно и агресивно постојано плете интриги против нас.
Современиот конзервативен неоизолационизам има пуштено длабоки корени во масовното сознание. Доколку на почетокот на деведесеттите години од минатиот век постоеше некаков интерес да се дознае како живеат тие таму, на тој Запад, како работат, сега пресудата е донесена конечно и неповратно: ништо „нивно“ нам не ни одговара, ништо од тоа не ни е потребно, ние имаме исклучиво свој пат.
Затворањето во себе на фонот на прогласувањето на сите страни на идолошката архаика „назад во иднината“ врши дополнително закочувачко влијание врз општествено-економскиот развој на земјата. Многумина забораваат на тоа, сметајќи го за невин козервативизам.
Ние повеќе не се натпреваруваме со тој Запад, стремејќи се да го престигнеме во нешто. Ваквата општсетвена атмосфера (плус падот на образованието и омаловажувањето на култот на знаење и на науката) имаат кочничко влијание на научната, инженерската, творечката средина. Ние повеќе не се стремиме да бидеме „први во космосот“.
Ние едноставно сакаме да замениме некаков увезен пат (за силно поскапени девизи) со нешто свое, кое е направено благодарение на државната програма и со буџетски пари. Ние не предлагаме дури ни алтернативен модел на поправедно општествено устројство. Ние едноставно се оградуваме.
Порано или подоцна ние ќе излеземе од овој изолационизам. Новиот излез, враќањето во светот, ќе биде мошне потежок одошто беше по падот на советскиот режим. Добро е дооколку на тој процес не претходи некаков голем воен судир со надворешниот непријател, и доколку зголемувањето на кризните појави во економијата не добие карактер на катастрофа.
Притоа враќањето во светот на општеството, кое е длабоко инфицирано од идеите на архаиката и кое се плаши од иновациите земени однадвор, ќе се случува во услови на режим кој во својата основа е авторитарен. Масовна социјална база за прогресизмот во тоа време во земјата нема да има. Тој режим ќе ги користи методите од епохата на реформите на Петар Велики од 18 век.
Прашање е само дали до тоа време ќе биде надмината точката на неповрат, по која нема да помогне ниту една модернизација.
Оригиналниот текст можете да го најдете на следниов линк.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче