Москва не сака заострување околу Приднестровје?

Вицепремиерот на РФ Дмитриј Рогозин во посета на Приднестровје. Извор: РИА Новости.

Вицепремиерот на РФ Дмитриј Рогозин во посета на Приднестровје. Извор: РИА Новости.

Потпретседателот на Владата на Русија Дмитриј Рогозин на Приднестровје по повод Денот на победата заврши со скандал. На државникот, кого Владимир Путин го именува за свој специјален претставник за овој регион, Романија и Украина едноставно не му дозволија да ја напушти непризнаената република. Дали овој инцидент ќе остане без последици?

Украина и Романија за авионот на руската Влада го затворија својот воздушен простор. Дури и откако рускиот потпретседател на Владата го напушти авионот и одлета во Москва со редовна линија, на авионот на руската делегација сè уште не му беше дозволено да ја напушти Молдавија. Освен тоа, на антирускиот гест му се придружија и молдавските власти: кога авионот принудно слета во Кишинев, во него е извршен претрес. Целта на молдавските специјалци беше пронаоѓање на список од 30 илјади потписи на граѓани од Приднестровје, поддржувачи на спојувањето со Русија, што ги собраа приднестровските активисти и му ги предадоа на рускиот државник.

Ако станува збор за враќање на Молдавија во Романија, таму треба да се врати оној дел од Молдавија што Советскиот Сојуз го зеде од романската држава. А, територијата на денешно Приднестровје не беше дел од Романија.

На прв поглед може да изгледа дека инцидентот со кој е понижен рускиот вицепремиер ќе донесе загуби за самата Молдавија, Рогозин, на пример, зборуваше за воведување визи, кои би имале катастрофални последици за молдавската економија (според некои проценки, на територијата на Русија работат до 800 илјади молдавски имигранти). „Зошто Русија би требала да го одржува сегашниот статус кво, кога Молдавија, која се храни и го полни својот буџет преку работничката емиграција, кон Русија не негува блиски, пријателски, па дури ни неутрални односи?“, се прашува рускиот потпретседател на Владата. Некои политичари говорат за можноста да дојде до воен одговор, особено по шегата на Рогозин дека ако следниот пат неговиот авион не го пуштат на Приднестровје, тој ќе долета на стратешки бомбардер. 

На Кишинев му треба остар одговор од Москва

Но, можно е официјален Кишинев да посакува токму остра реакција. Воведувањето на руските економски санкции ќе ја закопа економијата на Републиката, но истовремено ќе им помогне на политичарите кои се наоѓаат на кормилото на државата да победат на ноемвриските парламентарни избори. „Молдавските власти на овој начин сакаат да го анимираат своето гласачко тело“, објаснува за „Руска реч на македонски“ рускиот политиколог Сергеј Маркедонов. „По претходните избори се чинеше дека главниот конкурент на сегашната власт, Комунистичката партија на Молдавија, ги изгуби своите позиции. Но, сега клатното може да се придвижи на спротивната страна и комунистите, кои со сомнеж се однесуваат кон европските интеграции, имаат определени шанси во ноември да ја однесат победата“.

Дали Молдавија ќе војува со Русија за Приднестровје?
Постоеја многу причини за граѓанска војна во Молдавија во 1992 година. Треба ли сега Молдавија да се плаши од војна со Русија? Каква е врската помеѓу ситуацијата во Приднестровје и конфликтот во Украина? На оваа тема размислува Владимир Лорченков, руски писател кој живее во Кишинев.

Притоа молдавските приврзаници на европските интеграции можноста за оваа победа ја опишуваат како крај на светот за земјата. „Поразот на проевропските партии на изборите може да биде најголема опасност за Република Молдавија“, тврди лидерот на Либерално-демократската партија на Молдавија Владимир Филат. „Победата на комунистите ќе значи свртување кон евроазискиот модел на развој и ќе доведе до стагнација“. Меѓутоа, политиколозите не се склони да застапуваат ваков вид фатализам. Точно е дека лидерот на молдавските комунисти Владимир Воронин зборува за тоа дека „нашиот пазар, клучот за нашиот развој, се наоѓа во Русија“, но тој не може да се смета за апсолутно проруски политичар. „Не треба да се заборави дека планот на Козаците [проект за решавање на приднестровскиот конфликт – заб. ред.] не го поддржаа токму лидерите на комунистите и тој истиот Вотонин“, истакнува Сергеј Маркедонов. Но, постои веројатност Москва да успее да изгради конструктивни односи. Особено по Мајдан“. 

Москва ја разбира играта на Кишинев и веројатно во краткорочна перспектива ќе се воздржи од тоа на понижувањето на Рогозин да одговори со сериозни санкции. Кога станува збор за опасноста од анексија на Приднестровје и појавувањето на „љубезни вооружени лица“ [популарен назив за неидентификуваните луѓе кои одржуваа ред на Крим за време на спроведувањето референдум за независност – заб. ред.] во непризнаената република, таков развој на настаните во блиска иднина е малку веројатен. Инцидентот со авионот на Рогозин покажа дека непризнаената република се наоѓа помеѓу две држави кои се непријателски расположени кон Москва, а таа нема директен излез кон руската граница. Затоа припојувањето на оваа територија може да биде проблематично. 

Но, во среднорочна перспектива Москва, според можностите, ќе заземе поактивен став во врска со прашањето за Приднестровје (каде, да потсетиме, живеат руски граѓани и се наоѓаат огромни магацини со советско вооружување, кое не би требало да се најде во погрешни раце). Како што е познато, молдавските власти повторно ја разгледуваат советско-романската спогодба од 1940 година и посакуваат припојување кон Романија. Но, во тој случај Молдавија само дава правни аргументи за легално одвојување од својот проблематичен регион. Ако станува збор за враќање на Молдавија во Романија, таму треба да се врати оној дел од Молдавија што Советскиот Сојуз го зеде од романската држава. А, територијата на денешно Приднестровје не беше дел од Романија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња