Според мислењето на воениот аналитичар Александар Радиќ, во Сирија е невозможна руско-српска операција затоа што Србија е воено неутрална земја и не може да поддржува „ниедна од спротивставените страни“ во сирискиот конфликт, пишува „Балкан Инсајт“.
Српскиот министер Ѓорѓевиќ претходно по средбата со рускиот министер Сергеј Шојгу изјави дека српските вооружени сили ќе учествуваат во деминирањето на Сирија, вклучувајќи ја и Палмира: „Србија ќе ги поддржи сите иницијативи на Русија“, изјави Ѓорѓевиќ.
Сепак, министерот призна дека Србија нема капацитети ни специјално обучени единици за оваа работа, но дека планира да ги обучи своите сили. „Потоа, можеби кон крајот на 2018 година, ќе можеме да учествуваме во хуманитарно деминирање во целиот свет, вклучувајќи ја и Сирија“, изјави тој.
Водечкиот српски воен аналитичар Александар Радиќ смета дека е тешко Белград да испрати свои сили во Сирија за заедничка операција дури и во 2018 година.
„Српската војска во никој случај нема да се занимава со деминирање на било што во Сирија од едноставна причина: тоа би значело дека поддржуваме една од завојуваните страни“, објаснува експертот. Според него, Србија како неутрална земја може да учествува во операции поврзани со сирискиот конфликт само под покровителство на ООН или Европската унија.
Експерт додава дека воените односи меѓу Србија, Русија и САД се сложени, затоа што Белград учествува во маневри и иницијативи со двете земји. Интересно е што Вашингтон вчера вети дека ќе ѝ даде на српската војска воена инженериска и медицинска опрема во вредност од 435 илјади долари, како и дека ќе испрати воени инструктори во Србија, пренесува RT.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче