Меркел за прв пат по две години ќе дојде до Русија, но надежите за суштински резултати од посетата се илузорни, сметаат аналитичарите на изданието, укажувајќи на предлабоките разлики меѓу двајцата шефови на државата околу клучните меѓународни прашања, се вели во текстот на статијата на „Би-Би-Си“.
Главните, но не и единствени теми за кои лидерите на двете земји се разидуваат се ситуацијата во Сирија, војната во Украина, како и наводното „руско мешање“ во политичките процеси на Западна Европа. Притоа весникот укажува на желбата на лидерите да ги обноват личните контакти. Изданието, исто така, укажува на фактот дека средбата ќе се одржи во нова политичка ситуација: во САД Барак Обама беше заменет од Доналд Трамп.
Не се очекува никаков напредок за украинското прашање. Покрај тоа, Европа е скептична за способноста на „Нормандиската четворка“, чии членови се Меркел и Путин, да стави крај на украинскиот конфликт.
Стефан Мајстер од Советот за меѓународни прашања на Германија изјави дека Меркел патува во Москва со адутот наречен „Трамп“ и може да постигне поголема флексибилност на Русија во украинското прашање, заканувајќи се агресивен одговор на САД на ескалацијата на конфликтот во Донбас. Се тврди дека САД наводно можат да одговори на тоа со поинтензивни акции во Сирија, пренесува „Взгљад“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче