Експлозија во Ростов на Дон

Во Ростов на Дон се случи експлозија во близина на едно училиште.

Еден маж е повреден при експлозија во Ростов на Дон, изјави за РИА „Новости“ извор во органите на редот и мирот на регионот.

„Мажот подигна на патот сомнителен предмет кој детонираше, му ги откина прстите на раката, исто така се здоби и со рана во стомакот. Мажот е хоспитализиран“, изјави соговорникот на агенцијата.

Друг извор прецизираше дека експлозијата се случила до едно од училиштата во градот.

„Според првичните информации, направата детонирала додека хигиеничарот ја чистел територијата, човекот се здобил со рани“, појасни тој, додавајќи дека полицијата го обезбедила подрачјето каде се случил инцидентот.

Наставата во училиштето е запрена, децата не ги пуштаат во зградата.

На местото на настанот пристигнаа иследници и криминалисти.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња