Идентитетот на Акбарџон Џалилов во текот на идентификацијата го потврдија и неговите родители. Сега иследниците внимателно ги проучуваат врските и кругот на познаници на наводниот терорист.
Исто така, утврден е и идентитетот на сите жртви.
Самоделната експлозивна направа, откриена на станицата „Плоштад на Востанието“, е испратена на експертиза. Таа ќе го утврди видот, капацитетот, моќта, видот на деструктивните елементи и други податоци.
Како што изјави портпаролот на Истражниот комитет, на вештачење ќе бидат испратени и предметите запленети при претресот на домот на Џалилов.
„Според прелиминарните податоци, тие се аналогни на фрагментите од експлозивната направа откриена на „Плоштадот на Востанието“, но конечните заклучоци за ова може да се донесат, исто така, единствено според резултатите од вештачењето“, додаде Петренко, пренесува РИА „Новости“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче