Терорист од автолимарска работилница: што се знае за бомбашот-самоубиец?

Фотографија од деактивираната бомба во метро-станицата „Плоштад на Востанието“. 3 април, 2017 година. Санкт Петербург, Русија.

Фотографија од деактивираната бомба во метро-станицата „Плоштад на Востанието“. 3 април, 2017 година. Санкт Петербург, Русија.

Russian Archives/Global Look Press
Руските медиуми, цитирајќи извори во органите за спроведување на законот, пишуваат дека нападот во петербуршкото метро на април 3 го извршил маж по потекло од Киргистан, кој претходно работел како автомеханичар. Трагите на организаторите на терористичкиот напад можат да водат до Москва

Според „Газета.ру“, терористичкиот напад во метрото во Санкт Петербург на 3 април, во кој загинаа 14 луѓе, најверојатно го извршил бомбаш-самоубиец, младич по потекло од Киргистан по име Акбаржон Џалилов. Руските специјални служби засега официјално молчат, но верзијата ја потврдува претставник на Државниот комитет за национална безбедност на републиката: „Осомничениот за организирање на терористичкиот напад е роден во Киргистан, државјанин на Русија Акбаржон Џалилов, роден 1995 година во градот Ош“.

Пристигнал заедно со татко си

И покрај фактот дека Џалилов пораснал во Киргистан, во 2011 година тој заминал за Русија, откако претходно добил државјанство од таа земја, соопштуваат извори на „Газета.ру“.  За давање на државјанство на младичот гарантирал неговиот татко, исто така, руски државјанин. Таткото и синот Џалилови  пристигнале во Санкт Петербург во 2011 година и работеле таму како лимар во работилница за автомобили.

Во Киргистан за Џалилов не бил регистриран во полицијата и немал извршено криминал. Во Санкт Петербург, според информациите на изданието „Фонтанка“, тој живеел последните 6 години. Радиото „Зборува Москва“ разговараше со познаник на Џалилов со кого заедно работеле во суши-бар – тогаш, според неговите зборови, тој не личел на екстремист и дури и не изгледал како религиозен човек.

Московска трага

Истрагата, пишува „Газета.ру“, ја разгледува верзијата според која Џалилов станал приврзаник на екстремистички идеи, поврзани со забранетата во Русија „Исламска држава“. Постои претпоставка дека организаторите на терористичкиот напад-соучесниците на Џалилов можат да се наоѓаат во Москва.

На ова укажува фактот дека по слетувањето на гости кај родителите (кои живеат во Киргистан) на крајот на февруари, Џалилов се вратил во Русија преку Москва, а не директно во Санкт Петербург, каде што живеел. Иследниците, според зборовите на извор на „Газета.ру“, во моментов го проверуваат кругот на познаници и врските на наводниот бомбаш-самоубиец.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња