Филмот на Андреј Кончаловски „Рај“ е добитник на руската национална филмска награда „Ника“ во три категории: за најдобар филм, за најдобра режија и за најдобра женска улога.
Церемонијата на доделување на наградите „Ника“ се одржа во вторникот во московскиот Театар на Моссовет. Наградата е основана пред 30 години.
„Ова беше исклучително време, пред 30 години доживеавме исклучителен полет, надеж, сите се подмладивме. И тоа што „Ника“ живее, тоа е благодарение на вас“; изјави новиот претседател на наградата „Ника“Андреј Кончаловски. Тој истакна дека јубилејната година е интересна по тоа што, според негово мислење, Русија добила кинематографија независна од Холивуд, пренесува РИА „Новости”.
Актерката Јулија Висоцкаја, сопругата на Кончаловски, беше наградена за најдобра женска улога.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче