ПССЕ: сирискиот проблем може да се реши со заеднички напори на РФ и САД

Претседателот на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) Педро Аграмунт изјави во Санкт Петербург дека сирискиот проблем може да биде решен ако Москва и Вашингтон ги обединат своите напори.

„Не се сомневам дека ако на преговарачка маса седнат претставниците на двете земји - на Русија и САД, сирискиот проблем ќе може да се реши“, изјави тој на средбата со претседателот на Државната Дума Вјачеслав Володин во неделата на маргините на Парламентарното Собрание на ОДКБ.

Аграмунт ги повика „двете страни (РФ и САД) да се обидат да го решат овој (сирискиот) проблем“. Тогаш, како што смета претседателот на ПССЕ, ќе може да заврши безумието кое денес се прави во Сирија.

„Дијалогот е најважното средство за постигнување на оваа цел. Тоа е фундаменталната цел, кој придонесува за мирот и стабилноста“, изјави тој, пренесува „Интерфакс“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња