Политичката нестабилност во земјите на ЕУ ги тера инвеститорите да ѝ обрнат внимание на Русија, пишува „Блумберг“.
Руската хартии од вредност станаа попривлечни во очите на менаџерите на инвестициските фондови откако закрепнувањето на цените на нафтата ѝ помогна на земјата да излезе од најдолгата во последните две децении рецесија, со што, исто така, предизвика раст на рубљата. Државниот долг на Русија е полесно да се осигура отколку, на пример, долгот на Италија, а приходите од хартиите од вредност се девет пати повисоки од просекот за земјите од еврозоната. Затоа, инвеститорите добиваат голем надомест за ризиците, се вели во статијата што ја пренесува РИА „Новости“.
Една од причините поради која инвеститорите гледаат на Русија како на „безбедно пристаниште“ за капиталот се изгледите за победа на популистите на изборите во Холандија на 15 март, која може да ја зајакне позицијата на кандидатите-противници на ЕУ во други земји. Притоа инвеститорите не се збунети ниту од најлошите по завршувањето на студената војна односи на Русија со Западот, ниту пак санкциите против најголемите руски компании, истакнуваат авторите на статијата.
„Вечниот парадокс е во тоа што земја под санкции, како што се смета, има ниска волатилност и затоа е поатрактивна за инвеститорите. Треба да ѝ се симне капа кога ќе се види како земјата се справи со рецесијата“, ги цитира „Блумберг“ зборовите на Грег Сајчина, главен инвеститор на одделот за пазари на обврзници на пазарите во развој на компанијата „Алијанц Глобал Инвесторс“ (Allianz Global Investors), која управува со капитал во вредност од 480 милијарди евра.
Релативно мирната економска ситуација може да ѝ олесни на владата на земјата да ги издаде планираните еврообврзници, кои можат да се појават на пазарот пролетва, пренесува „Блумберг“ повикувајќи се на министерот за финансии на РФ Антон Силуанов.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче