Министерството за одбрана на Русија е изненадено од рамнодушниот однос на Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОЗХО) по повод информациите дека припадниците на „Исламската држава“ примениле хемиско оружје, изјави портпаролот на МО на РФ Игор Конашенков.
Меѓународниот комитет на Црвениот крст претходно соопшти дека терористите на ИД во борбите за Мосул против ирачката војска примениле боен отров иперит, чии жртви биле цивилите, пишува РИА „Новости“.
„Минатонеделната серија на регистрирани случаи во Мосул кои зборуваат дека терористите од организацијата „Исламска држава“ против цивилното население употребувале хемиско оружје остана на чуден начин незабележана во западната јавност“, оцени генерал-мајор Игор Конашенков.
Како што рече тој, уште почуден е „студениот“ однос кон тие факти на Организацијата за борба против хемиското оружје.
Тој додека дека не само што никој не се обидел да испрати на местото претставници, туку се нема појавено ниту една официјална изјава за осуда на тоа.
Портпаролот на МНР на РФ Марија Захарова вчера изјави дека Москва е загрижена по повод информациите дека во ирачкиот град Мосул терористите применувале хемиско оружје, пренесува RТ .
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче