Кремљ бара Русија да не ја асоцираат со внатрешните проблеми на САД

Русија нема ни желба, ни намера да ја асоцираат со внатрешните американски проблеми, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

На барањето да ја коментира изјавата на претседателот на САД за наводното прислушување на неговите телефонски разговори од страна на Барак Обама, Песов изјави:

„Не е потребно на никаков начин да нѐ асоцираат со внатрешните американски проблеми. Ние немаме ниту најмала желба и ни најмала намера на некаков начин да нѐ асоцираат со тие работи“, изјави Песков, пренесува RT.

Претходно претседателот на САД Доналд Трамп напиша на својот „Твитер“ дека поранешниот шеф на Белата куќа Барак Обама ги прислушувал телефонските разговори во неговиот облакодер.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња