Додик: Кримското прашање е решено

Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека прашањето за Крим е затворено и дека одлуката на жителите на полуостровот треба да се почитува.

„Да не беше противуставниот преврат на Мајдан, многу настани немаше да се случат. Крим премина во Русија врз основа на референдум, а волјата на народот треба да се почитува. Кримското прашање е решено“, изјави Додик за „Известија“.

Политичарот укажа на двојните стандарди на Западот, кој не ја признава волјата на народот на Крим, но притоа ја признава волјата на политичката елита на Косово, каде референдум воопшто и немаше.

Тој исто така изјави дека многу земји во Европа се залагаат за укинување на санкциите и дека таквото расположение само расте.

„Тие се обидоа економски да ја ослабат Русија, но самите претрпеа сериозни економски загуби... Русија во целина ништо не загуби. Затоа укинувањето на санкциите е во интерес на Европа“, изјави Додик, пренесува „Взгљад“.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња