На прашањето на водителот на Си-Би-Ес Њуз, доколку сѐ уште би бил директор на ЦИА, што би било она што не би му давало да спие ноќе, Бренан одговори дека покрај прашањата „што би требале да сториме за да не им дозволиме на приврзаниците на ширењето на нуклеарното оружје да ги постигнат своите цели“, терористичките групи, сајбер-безбедноста, него го загрижувала и Русија. „Кој е следниот регион кој таа има намера да го избере за промовирање на своите интереси? Како да се склопи целосна слика за тоа што направија тие на изборите?“
Бренан смета дека „нашата разузнавачка заедница и правосудните органи сега треба истовремено да решаваат неколку проблеми кои можат да имаат сериозни последици“ за националната безбедност на САД.
На прашањето дали треба да се надгледува Русија и она што таа има намера да го преземе во иднина или пак треба да ѝ се спротивстават, Бренан одговори:
„Мислам, и едното, и другото. Несомнено, Русија има план за дејство за реализација на своето влијание во различни делови на светот. Гледаме што направи во Украина, во Сирија и со нашите избори. И Москва го смета геополитичкиот пејзаж на Европа исто така за сосема соодветен за да го искористи за да ги доведе до победа на изборите луѓето ги симпатизираат плановите на Русија“, изјави Бренан, пренесува RT.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче