Американските специjални служби ја сметаат за лажна информацијата за контакти меѓу членовите изборниот штаб на Доналд Трамп и руските власти. Ова го изјави шефот на администрацијата на Белата куќа Рејнс Прибус во програмата на „Фокс Њуз“.
„Претставниците на највисоките кругови на разузнавачката заедница ме уверуваа дека тие обвинувања не само што едноставно се силно преувеличени, туку и не одговараат на вистината. Тие јасно дадоа до знаење дека таа приказна е целосна глупост“, изјави тој.
Претходно весникот „Њујорк Тајмс“ објави напис во кој се тврди дека членовите на изборниот штаб на Трамп контактирале со високопоставени припадници на руските специјални служби.
Од Службата за надворешно разузнавање на Русија истакнаа дека „со изненадување го прочитавме написот“ и не сакаа да дадат коментар. МНР Русија смета дека таквите публикации се доказ дека во Вашингтон се во тек големи внатрешнополитички игри и договарања. Кремљ потенцираше дека тие соопштенија не се базираат на никакви факти, пишува РИА „Новости“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче