Медиуми: Русија целосно ќе ги врати долговите на СССР до крајот на 2017

Долгот на Советскиот Сојуз годинава ќе биде целосно исплатен со последната транша за Босна и Херцеговина, соопшти Министерството за финансии на Русија.

Русија ќе ја заврши исплатата на надворешните долгови на Советскиот Сојуз до крајот на годината со последната транша спрема Босна и Херцеговина. Остатокот од долгот изнесува 125,2 милиони долари, пишува „Известија“ повикувајќи се на Министерството за финансии на РФ.

Министерството минатата недела соопшти за намирување на долгот кон Македонија во износ од 60,6 милиони долари и истакна дека за целосно сервисирање на советските долгови на Русија ѝ останува да изврши уште само една уплата.

„Договорот е технички веќе одамна подготвен, земјите го парафираа. Останува единствено да се потпише, а тоа е прашање на наредните неколку месеци. Плаќањето ќе биде со една транша преку ВЕБ, таму нема никакви компликации, до лето прашањето ќе биде затворено“, изјави извор на изданието од владата на РФ.

Во период од 45 дена од моментот на ратификацијата на документот, Министерството за финансии на РФ ќе може да ги префрли парите за намирување на долгот, пренесува РИА „Новости“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња