Трамп ги оцени перспективите на своите односи со Путин

Американскиот претседател засега не е сигурен дали ќе се согласуваат со рускиот лидер.

Претседателот на САД Доналд Трамп во интервју за телевизијата „Фокс Њуз“ изјави дека го почитува претседателот на Русија Владимир Путин, но без оглед на почитта, не знае дали ќе се согласуваат еден со друг.

„Сметам дека е подобро да се согласуваме со Русија, отколку да не се согласуваме. И ако Русија ни помогне да се бориме со „Исламската држава“ во нашата најважна борба и исламскиот тероризам ширум целиот свет, тоа ќе биде добро“, изјави Трамп.

„Дали ќе се согласувам со него (со Путин)? Немам поим“, ги оцени Трамп перспективите на развојот на односите со рускиот претседател.

На прашањето за примерите на насилство, за кои, според тврдењето на водителот, е вмешан Путин, Трамп одговори: „Светов е полн со убијци. Ние имаме многу убијци. И што мислите? Нашата земја е толку невина?“

Полната верзија на интервјуто ќе излезе во 16 часот по локално време. Во интервјуто Трамп одговори на прашањето поради што го почитува Владимир Путин, пренесува „Интерфакс“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.