Штајнмајер: Руси, не самозалажувајте се

Русите не треба да се препуштаат на самозалажување, затоа што времињата на Јалта нема да се вратат, изјави поранешниот министер за надворешни работи на Германија Франк-Валтер Штајнмаер.

Поранешниот шеф на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмаер изјави дека Русија е „сериозен фактор“, но дека времињата на конференцијата во Јалта се минато и дека воената моќ не е доволна земјата да има влијание во меѓународната заедница.

Според Штајнмаер, една од причините за руската операција во Сирија била желбата а Москва „да го оспори ставот на САД кои ја вбројуваа Русија во регионалните сили“, пренесува „Взгљад”.

„Барем од гледиште на Русите, ним изгледа тоа им успеа Русија да ја доживуваат како сериозен воен и политички фактор“, изјави Штајнмаер.

Тој претпоставува дека „многумина во Русија се краткорочно задоволни од тоа“, но ја повика Москва да избегнува „самозалажување“: „Времето на Јалта нема да се врати“.

Штајнмаер изјави дека Русија помогнала во ослободувањето на Алепо од терористите и дека ги поддржала сириските власти.

„Но тоа дури ни приближно не е решение за Сирија. И Русија и Турција знаат дека решението на тој конфликт е можно само со учество на оние фактори кои отсекогаш беа вклучени во сирискиот конфликт“, изјави тој.

Претседателот на Германија Јоаким Гаук денеска го разреши од должноста Франк-Валтер Штајнмаер и на негово место го именуваше поранешниот министер за економија Зигмар Габриел.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.