Американското разузнавање засега не успеа да најде потврда за врската меѓу штабот на претседателот на САД Доналд Трамп со Русија, соопштува Си-Би-Ес повикувајќи се на извори.
„Истражителите се обидуваат да разјаснат дали тимот на Трамп се координирал со Русите пред и по изборите. Меѓутоа, во дадениов момент, како што тврдат изворите, тие не нашле потврда за какви било нарушувања“, истакнува телевизијата.
Според информациите на Си-Би-Ес, истражителите проучуваат „барем еден телефонски разговор“ на советникот на Трамп за национална безбедност Мајкл Флин со рускиот амбасадор во САД Сергеј Кисљак, кој се одржал на крајот на декември.
Се потенцира дека интерес за специјалните служби не претставувал само Мајкл Флин.
„Изворите соопштија дека истражителите проучуваат дали и други лица споделувале со Русија тајни американски информации, вклучувајќи и трговски, и дали биле прекршени законите“, се вели во соопштението на Си-Би-Ес.
Претходно заменик-министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков изјави дека МНР РФ не ги коментира секојдневните работни контакти со колегите од САД или други земји. Според дипломатот, Вашингтон шпекулира на темата контактите на Москва со тимот на Доналд Трамп и се заплашува себеси со „руската закана“, пренесува РИА „Новости“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче