Кремљ: Русија не планира скоро враќање во Г-8

Русија во моментов не размислува за враќање во Г-8, изјави Дмитриј Песков.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков соопшти дека Москва во моментов не планира да се враќа во форматот Г-8, пренесува „Лента.ру“.

„Тоа прашање воопшто не се разгледува во Москва“, изјави Песков, одговарајќи на прашањето дали Русија ќе прифати таков предлог.

„Ние ниту еднаш не слушнавме изјава од шефовите на државите кои продолжуваат да се среќаваат во форматот на Г-7, никакви изјави во кои би се искажала намера да се покани Русија или други земји“, додаде тој.

Претходно министерот за надворешни работи на Италија Анџелино Алфано повика да се разгледа прашањето за обнова на Г-8 со учество на Русија. Во исто време, Алфано укажа на потребата за оценка на текот на реализацијата на „Минската спогодба“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.